ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

КЈПД: Дијалогот помеѓу Владата и стопанството е секогаш искрен и отворен

February 4, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ко-претседаваше со седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог (КЈПД), која се одржува на редовно месечно ниво, а е прва со дел од ново избраните министри на Владата на Република Северна Македонија. На седницата присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, како и државните срекретарки на министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ и на министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, додека од страна на коморите, кои заедно го спроведуваат проектот „Платформа за јавно-приватен дијалог“, присуствуваа претседатели, заменици претседатели, извршни или оперативни директори на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и од МАСИТ.

Во воведното излагање, вицепремиерот Битиќи нагласи дека Владата и во овој состав останува отворен и искрен партнер на стопанството и дека сите важни теми за општетството, економијата и за граѓаните ќе бидат отворено дискутирани, а решенија за предизвиците ќе се наоѓаат преку консултативен дијалог во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Вицепремерот кусо информираше дека е отворен социјалниот дијалог за зголемување на минималната плата, дека покачување на минималната плата мора да има, како и дека активно се работи со сите социјални партнери за донесување на најсоодветна методологија со која на одржлив начин на подолг рок ќе се регулира понатамошно покачување и усогласување на минималната плата во Република Северна Македонија.

На овој состанок министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, информираше за статусот на подготовката на измените во Законот за работни односи кои се однесуваат за „недела неработен ден“, како и за статусот на новиот системски закон за работни односи, а на инцијатива на стопанските комори се отвори дискусија за потребата за измени на Законот за празници кој е во надлежност на МТСП.

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, ги претстави тековните активности и плановите на министерството за интегрирана, целосна и итна дигитализација на процесите на државните служби, кои се неопходни да се спроведат за да се унапредат услугите кон граѓаните.

На состанокот се зборуваше и за Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, статусот на гасификацијата во земјата, како и унапредувањето на сите активности на Управата за јавни приходи, како една од клучните институции за релациите помеѓу бизнисот и владата.

 

Next Post

Јапонија донираше околу 80 илјади евра за Универзитетска клиника за радиологија и онкологија

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk