ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судот ја одби тужбата на Апасиев против новинарите, тој не се појави на ниту едно рочиште

February 4, 2022 12:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Основниот Кривичен суд во Скопје беше објавена пресудата со која се ослободуваат од обвинение новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ од „А1он“. Оваа пресуда следи по претходно доставената приватна тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев кој ги тужеше новинарите за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон, соопштија од ЗНМ.

На постапката која траеше речиси една година тужителот не се појави лично ниту еднаш на рочиште а новинарите повеќе пати беа присутни на рочишта во судот каде ја застапуваа својата одбрана. По објавата на пресудата, колешката Мери Јордановска изјави: „Државните функционери мора да сфатат дека функцијата ја вршат 24/7 и се поподложни на јавна критика, без разлика дали одговораат на електронска пошта, смс порака, службен или приватен телефон. И кога ние како новинари ги бараме, ги бараме во име на јавноста, за работи кои се од јавен интерес, па оттаму не смее да се воспоставува практика на воведување страв и цензура“.

Со оваа пресуда се потврдува ставот на новинарите дека не станува збор за објава на личен запис туку за информација која е од јавен интерес како и тоа дека новинарските прашања кон Апасиев, во дадениов случај, се легитимни и вредни за вниманието на јавноста.

Во одбраната на новинарите се истакнува праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) според која границите на јавна критика се пошироки за носителите на јавни функции отколку за приватни лица и тие потребно е да имаат поголем праг на критика.

Ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овој вид на тужби служат да се предизвика заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените, во случајов на критични новинари со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика. Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните.

Next Post

Блесна нова ѕвезда во Македонија

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk