ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ни треба решение со Бугарија засновано на почит и европски вредности

February 5, 2022 20:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Ни треба решение, засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности. Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за белгискиот најтиражен дневен весник „Ла Либре“.

Тој додаде дека процесот за започнување на преговорите со ЕУ на земјава трае долго и поради тоа не се штедат напори за забрзување на разговорите со Бугарија.

-Кај нас постои консензус за евро-атлантските интеграции. Постигнавме една од нашите цели со влезот во НАТО. Онаа за членство во Европската Унија сè уште не е постигната. Донесовме тешки одлуки како земја за да можеме да станеме членка на НАТО и да можеме да ги отвориме преговорите со ЕУ. Европската унија мора да ги исполни своите ветувања за Северна Македонија, имајќи ги предвид четирите позитивни извештаи на Комисијата за развојот на нашата земја, посочува Ковачевски.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија ќе има ефект за да ги повлече и другите земји од регионот напред и да ги мотивира да ги забрзаат нивните напори за отворање или продолжување на пристапните преговори.

Ковачевски посочува дека досега дебатите на релација Скопје – Софија ги водеа пропагандисти, сега, наведува тој, генерираме позитивна енергија со Бугарија

-Имавме многу плодни дискусии и заклучивме дека е потребно да се врати довербата меѓу двете влади, но и меѓу општествата и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија. Во минатото дебатите главно се водеа од пропагандисти, кои лошо влијаеа врз медиумите и врз перцепцијата на состојбите од страна на граѓаните на двете земји, кажа премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека една недела по посетата на премиерот Петков на Скопје, се одржа и заедничка седница на двете влади, а во Софија се формираа и четирите работни групи.

-Министерствата за надворешни работи добија задача да работат на политичките спорови меѓу двете земји. Дискусиите во моментов се фокусирани на изготвување на работни документи и штом ќе дојдеме до нешто опипливо, одобрено од двете страни, овој документ ќе биде споделен во двете земји преку законски процедури, посочува Ковачевски.

Според него, мора да се работи посветено како и дека решението треба да биде засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности. Во тој контекст, наведува тој во интервјуто, се интензивираат преговорите со Бугарија

-Процесот на започнување на преговорите со ЕУ траеше долго. Оттука, не штедиме напори да ги забрзаме разговорите со Бугарија. Кај нас постои консензус за евро-атлантските интеграции, кажа премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Ла Либре.

Тој додаде дека отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија ќе има ефект за да ги повлече и другите земји од регионот напред и да ги мотивира да ги забрзаат нивните напори за отворање или продолжување на пристапните преговори.

Премиерот Ковачевски истакна дека се работи посветено на разговорите со Бугарија и дека решението кое ќе биде постигнато треба да биде засновано на меѓусебно почитување и на европските вредности.

-Ова решение треба да резултира со укинувањето на ветото на Бугарија и да послужи како основа за добра соработка меѓу нашите две земји, нагласува премиерот Димитар Ковачевски.

Next Post

Минимална плата: Од 8.000 денари во 2011 до 15.000 во 2021 и преговори за 18.000 во 2022 година

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk