ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Од почетокот на пандемијата, германската економија загуби 350 милијарди евра додадена вредност

February 5, 2022 21:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германската економија претрпе огромни штети од почетокот на пандемијата, соопшти Институтот за германска економија (ИВ) во Келн.

– Од почетокот на пандемијата, германската економија загуби 350 милијарди евра додадена вредност, главно поради драстично намалената приватна потрошувачка, се вели во извештајот на ИВ кој го пренесуваат германските медиуми.

Според прогнозата, дури и ако БДП ги достигне нивоата пред пандемијата до крајот на 2022 година, останува „огромна разлика“ во споредба со претпоставката ако пандемијата никогаш не се случеше.

– Јазот создаден од падот на додадената вредност и приходите ќе се пополни само ако бидеме сведоци на силен економски раст во наредните години, се вели во извештајот на ИВ.

Сепак, како што дознава германската новинска агенција ДПА од владини извори, новата Влада за тековната година смета на економски раст од само 3,6 отсто. Претходната Влада уште во септември поаѓаше со стапка на економски раст од 4,1 за 2022 година.

Во 2021 година е забележан економски раст од 2,7 отсто, откако во 2020 година е намален за 4,6 отсто.

Според пресметките на ИВ, во последните две години пандемијата предизвика намалена приватна потрошувачка од 270 милијарди евра поради мерките за затворање и тешкотиите во испораката на стоки.

Економистите од ИВ забележуваат и „промена во однесувањето“ кај потрошувачите.

– Граѓаните се плашеа да одат во кина и ресторани поради страв да не се заразат, дури и кога тоа беше повторно можно. Парите наместо тоа завршија во заштеда, вели Мајкл Громлинг, автор на анализата на ИВ.

Таканаречените Економски мудреци, група претставници на водечките германски економски институти, оценуваат дека по нормализирањето на состојбата со протокот на стоки, може да дојде до ненадејно ослободување на инвестициите и потрошувачката, што може позитивно да влијае врз брзо закрепнување на економијата. /MИA/

Next Post

Николова: Срамно е противењето на Славески на зголемување на минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ е против работниците

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk