Експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев наиде на потсмев и критика со неговите коментари на социјалните мрежи за високите цени на зеленчикот.
Граѓаните коментираа дека Ѓорчев толку долго се хранел на државна сметка, што дури сега дознал дека цената на зеленчикот во зима е далеку повисока отколку во лето.
Ѓорчев на неговите профили на социјалните мрежи искоментира дека цената на пиперките и краставиците се високи и за тоа ја обвини владата. Сепак земјоделците му порачаа дека ова се дури и ниски цени, со оглед на трудот кој го вложуваат земјоделците за да има краставици и пиперки во февруари.
Граѓаните му порачаа на Ѓорчев, повеќе да го почитува трудот на земјоделците и да не се обидува на нивната мака да печали ситни политички поени.
Д. Е.