ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Брако“ во 2022 – План за нови вработувања и проектиран раст од 35 отсто

February 8, 2022 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени.

Извршниот директор на  „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката во Велес е да се продолжи со засилено темпо на инвестиции, иновации и развој на производи кои би резултирале со раст од 35 отсто и отворање на нови работни места пред се’ за високо стручни кадри.

И во услови на турбулентни години за бизнисот предизвикани од ковид-пандемијата, благодарение на храбрите одлуки на менаџментот, „Брако“ го зголеми уделот на пазарот и ги зголеми приходите.

Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа, но, морам да кажам беше и можност, истакна неодамна во интервју за МИА, проф. д-р, Кочо Анѓушев.

„Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите погони, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд Green Machines, во развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти“, истакнува проф. д-р. Анѓушев во интервјуто.

Компанијата во моментов е во инвестициски циклус вреден околу 9 милиони евра за изградба на нови современи погони и набавка на софистицирана опрема.

Како што истакнува проф. д-р. Анѓушев во интервјуто, нашата држава во индустријата нема друга шанса освен да инвестира висока технологија. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини како CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа ја прави компанијата конкурентна не само во однос на фирмите во регионот туку и низ целиот свет.

Извор: МИА

Next Post

Османи: Декларацијата за Гоце Делчев поднесена во Собранието не враќа назад во процесот на преговори

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk