РИБАРО
– Добро, ќе ми објасни некој како дозволивме така глатко оној Ковачевски да го зголеми минималецот? Седнаа и се договорија. И Синдикатот од работниците, и бизнисмените и Премиерот. Каде е тој јак финансиски гуру Славески? И како излезе работава – само ВМРО-ДПМНЕ останавме да сме против и мигољиме за зголемувањево и ги браниме газдиве на фирмиве, викал Мицкоски во белата палата, јавуваат вмровски извори за АХА.
Мицкоски: А, контра-синдикат да им направиме?
Секретарката: Ама, шефе, веќе завршија работа тие, што ќе постигнеме со тоа? Ако планиравме со контра-синдикат требаше со на време тоа. Ти текнува ли како Грујо тоа го правеше и сè одеше подмачкано?
Мицкоски: Тогаш што може да направиме во врска со ова – контра-минималец ли? Нека почнат да врескаат клукајдрвците по социјални мрежи дека бадијала е ова, дека цените се зголемени, дека и ние…
Секретарката: Ќе се бламираме само шефе, верувај. Народот не е глуп знае дека цените се зголемени за некои 20 проценти од 2016 наваму, а тоа е нели најмногу резултат на пандемијата и светската енергетска криза, а минималната плата им порасна за дупло. Беше 9.000 во наше време сега е 18.000 денари.
Мицкоски: Трајко што вели? Се јавил ли жив од сношти? Во која дупка е пикнат?
Секретарката: Трајко кратко рече: Ништо не можеме. Се деси, тоа е, јеби га.
Мицкоски: Како бе тоа е јебига, се деси? Угурсуз еден! Ајде, Мавајте тогаш со Бугарија, името, знамето, историјата, национализам нешто. Нека се размрда Наум со лажни вести, Божиновски анкета од кога нема штелувано…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK