ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека Велија Рамковски најавува враќање на А1 телевизија

February 8, 2022 13:16
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Видеото објавено во текстот што се споделува на Фејсбук, а за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија. Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска која во изјава за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект. Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, исто така, демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук прашува дали телевизијата А1, која згасна во времето на владеењето на Никола Груевски, се враќа на малите екрани и додава дека по тој повод, нејзиниот некогашен сопственик, Велија Рамковски ѝ се обратил на јавноста. Ова не е точно.

Постот е придружен со напис кој тврди дека бизнисменот Велија Рамковски најавува враќање на телевизијата А1 во етерот.

Тој во видео обраќање до гледачите на телевизијата најави нејзино повторно емитување најпрвин како онлајн телевизија, со можно враќање на малите екрани, стои во написот.

Видеото објавено во текстот за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија.

Веста дека Рамковски ќе ја враќа телевизијата, ја демантираше и неговата ќерка, Емел Рамковска. Во изјава за „Слободен печат“ таа вели дека нејзиниот татко не стои зад овој проект, а не е познато ниту дали навистина ќе се појави таква телевизија во етерот.

Ние не стоиме зад тоа, телевизијата нема да биде на Велија. Не знам кои се луѓето, спорна е целата работа и ми делува малку несериозно со целата најава. Тоа не се прави така, но секој сака да искористи од рејтингот на А1, па така би било интересно да се дознае кој стои зад целата работа, и мене ме интересира, вели Рамковска.

Фејсбук страницата А1 телевизија, која најавува наводно враќање на телевизијата во етерот, но во интернет просторот, исто така демантираше дека Велија Рамковски стои зад овој проект.

Би сакале да се оградиме од сите шпекулации поврзани со тоа дека се враќа А1 преку телевизиски сигнал или кој се’ стои зад истата во моментов. Вистинскиот и единствен сопственик кој и е познат на јавноста е Велија Рамковски, но истиот не учествува во позадината на ова реобновено интернет издание на А1 Телевизија!
Нашата цел е на некаков начин да го вратиме духот на дефинтивно најгледаната и влијателна телевизија во Република Северна Македонија, до можеби некогашно вистинско враќање на А1 Телевизија на кое сите заеднички би се радувале.
Целиот A1 Online начин на телевизијата ќе фукцнионира со емитување на online програма, токму онаков начин за кој Велија Рамковски во едно недамнешно интервју за еден медиум изјави: “А1 би била модерна, со поддршка од социјалните мрежи. На пример, направена емисија, или вестите, но тоа да се пренесува и преку социјалните мрежи. Значи мостот меѓу евентуално идна А1 и социјалните мрежи ќе биде многу појасен и побрз“, стои во објавата на фејсбук страницата.

Оттука, останува нејасно кој стои зад оваа Фејсбук страница и објавите. Факт е дека Велија Рамковски не стои зад овој проект и тој не најавува враќање на А1 телевизија во етерот. Поради тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како неточен, пишува „Вистиномер“.

Извор: МЕТА

Next Post

Израелски научници работат на траен лек за парализа кај луѓето

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk