ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ѓукановиќ: Забавениот процес на проширување на ЕУ создава деликатна и кревка ситуација на Западен Балкан

February 10, 2022 10:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Забавената политика на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и влошувањето на односите меѓу Исток и Запад се двата фактори што, според претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, создаваат кревка и деликатна ситуација во однос на политичката и безбедносната стабилност во регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

Црногорскиот претседател во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, говори за ЕУ перспективата, но и за ситуацијата на Западен Балкан, велејќи дека во последните неколку години регионот се соочува со „сè поамбициозно присуство на трети страни, кои настапуваат со политички платформи, спротивни со вредностите и политичките платформи на Европската Унија“.

-Многу е деликатна ситуацијата кога е во прашање политичката и безбедносната стабилност на Западен Балкан. Мислам дека сите забележуваме дека таа стабилност денес е покревка во споредба со пред само неколку години. Тоа е последица на две околности: Прво, многу забавената речиси запрена политика на проширувањето на Европската Унија што се однесува на иднината на земјите од Западен Балкан. Втората околност е радикалното влошување на односите меѓу Исток и Запад на глобално ниво. Ова влошување јасно се гледа на Западен Балкан и Балканот во целина, како пожелен терен за влез на различни глобални политички интереси, објасни Ѓукановиќ и додаде дека целта на овие трети страни е „да се запре евроатлантскиот тек на Западен Балкан“.

Во интервјуто потенцираше дека Грција има голема одговорност бидејќи многу добро го знае регионот, ги разбира предизвиците, а истовремено е членка на НАТО и ЕУ, па така, може да одигра важна улога и да ја убеди Унијата колку е важно проширувањето.

За кризата во Украина, Ѓукановиќ изразува надеж дека сепак ќе е надвладее логиката и вели дека постои ризик оваа криза да има влијание и на Балканот.

Извор: МИА

Next Post

Почина Едуард Кукан, поранешен специјален пратеник на ОН за Косово и член на ЕП

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk