Денеска повторно е демолирана таблата на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Дали продолжува вандализмот со демолирање на таблите на институциите само поради тоа што се пишани на три јазици: македонски, албански и англиски, пишува во соопштението.
Потенцираат дека ова е втор пат како е демолирана показната табла на Дирекцијата за заштита и спасување која се наоѓа непосредно пред СВР-Скопје (Воен музеј) Општина Аеродром. Првиот обид бил лани два дена по поставувањето на истата, а денеска на вториот обид таблата е демолирана.
Дирекцијата за заштита и спасување го осудува овој вандалски чин и бара од надлежните на општина Аеродром и Град Скопје да ги најдат сторителите и да ги казнат за ова дело. Исто така сметаат дека ова е еден вандалски чин против нивната институција и Владата на Република Северна Македонија.