ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Излезе од печат книгата „Мечката танцува на своја музика“ од Мирче Адамчевски

Станува збор за настани  што се случуваа на и околу постсоветското пространство во едногодишна временска отсечка. Почнува во пролетта 2015, а завршува пролетта 2016 година. Сите тие се собрани во десетици новинарски текстови објавени во порталот Фактор.мк, од Мирче Адамчевски, новинар кој што живеел и работел во Москва и кој до ден денес е заинтересиран за, и посветен на случувањата во тој дел на светот.

February 11, 2022 14:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве излезе од печат книгата со наднаслов „Постсоветски хроники“ и наслов „Мечката танцува на своја музика“. Станува збор за настани  што се случуваа на и околу постсоветското пространство во едногодишна временска отсечка. Почнува во пролетта 2015, а завршува пролетта 2016 година. Сите тие се собрани во десетици новинарски текстови објавени во порталот Фактор.мк, од Мирче Адамчевски, новинар кој што живеел и работел во Москва и кој до ден денес е заинтересиран за, и посветен на случувањата во тој дел на светот.

 

Мирче Адамчевски

Постсоветскиот простор не е само Русија, тука се и Украина, Белорусија и Балтикот, земјите од Средна Азија, Молдавија…Едногодишните хроники сведочат и за односите на Русија со Балканот со земјите од ЕУ и САД. Сведоштва за будењето на земјите од БРИКС. Сведоштва за односот со НАТО. Сведоштва за игрите со гасот. Темелите се поставувале уште тогаш, а денес над нив има цела архитектура. Дури се раѓа и страв, дали Русија гасот ќе го има како политичко оружје.

Како и секоја држава изложена на санкции Русија запаѓа во економска криза. Воведува контрасанкции. Економијата и’ е во застој. Русија ја засилува внатрешната борба со неистомислениците. Медиумите се ставаат под засилена контрола. Убиен е Борис Њемцов, надежниот политичар, но и критичар на власта на Путин. Во криза е и Украина, после настаните околу Крим и Донбас. Но се појавува и внатрешно политичка и економска борба. Америка, Џо Бајден, тие години потпретседател на САД, го притиска Киев за реформи и борба со корупцијата и олигарсите.

Хрониките ја бележат и врската на Балканот и Македонија со Русија. Ципрас бара помош од Русите за надминување на економската криза, Бугарија бара гасоводот од Турција и Грција да минува низ нејзина територија, а потоа да оди во Србија и Унгарија. Денес, после седум години тоа е стварност. Србија е главен економски партнер. Со Турција се создаваат конфликтни ситуации, но се бара и излез од нив, за денес да се зборува за невиден однос меѓу членка на НАТО и Русија.

Русија заедно со ЕУ како да ги најавуваа кумановските крвопролевања по настаните со оружјето во Гошинце. Русија и дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во власта со ДУИ. Притиска против македонските желби за влез во НАТО.

По паѓањето на „железната завеса“, Запад, поточно САД прогласија победа во т.н. „Студена војна“. Во занесот од победата како да не забележаа дека Русија има намера да се доближи до Западот, да стане дел од него. Сето тоа беше игнорирано. Згора на тоа се воспостави „правило“ во меѓународната политика, дека САД се единствената светска сила и дека светот веќе е еднополарен.

И така се’ се одвиваше до 2007 година, кога рускиот претседател Владимир Путин ја искажа својата Минхенска реч, кога ја најави повеќеполарноста. Неа, речта, многумина ја оквалификуваа како најава за нова Студена војна. Токму тука треба да се бараат корените на идното однесување на Русија во меѓународната политика. Започнато со августовската војна во Грузија во 2008 и настаните во Украина во 2014 година и присоединувањето на Крим. Однесување кое кулминира во 2015 година, кога Русија става брана на ширењето на „Арапската пролет“ во Сирија. Практично спасувајќи го  сирискиот претседател Башар ал Асад, а за возврат таа доби геостратешка позиција на Блискиот исток и ва Средоземното море. Русија покажа и до ден денес покажува дека „Мечката танцува на своја музика“. Десетте тешки години по падот на комунизмот таа мораше да игра под звуците на музиката од Западот.

Оваа книга е вовед во нешто што би требало да следи. Да се остават нови пишани сведоштва. Нови томови сведоштва. Издавач на книгата е  Издавачката куќа „Менора“.

 

Next Post

Стручните училишта и годинава во фокусот на уписната политика, МОН ќе ја креира со општините и компаниите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk