ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо и распеано

May 27, 2024 16:34
in PMD, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Групна фотографија на гостите и членовите на клубот „Иван Михајлов“ за празникот 24 мај (Фото: Од Фејсбук страницата на клубот)

Групна фотографија на гостите и членовите на клубот „Иван Михајлов“ за празникот 24 мај (Фото: Од Фејсбук страницата на клубот)

Share on FacebookShare on Twitter

„Воскресна“ бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во срцето на Битола за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај.

Живо и распеано, како ретко кога досега, поминал празникот во седиштето на сега згаснатото здружение „Клуб Иван Михајлов“ во Битола. Речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле во клубот на улицата „Рузвелтова“, а меѓу гостите покрај раководството на сега згаснатиот клуб, претседателот Љупчо Георгиевски и други истакнати членови, бил и генералниот конзул на Бугарија во Битола, Николај Димитров.

Во Основниот суд во Битола тече судењето за првиот човек на клубот, Љупчо Георгиевски, кој се товари за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, или народски кажано за неговите објави на социјалните мрежи каде го величел ликот и делото на Иван Михајлов. А во објектот на клубот во Битола продолжуваат организирани настани, се чекаат гости, се празнува…

Така според јавно објавена информација на Фејсбук страницата на клубот „Иван Михајлов“ и споделената видео снимка, децата од хорот „Еумолпеја“ од Пловдив, Бугарија, ја отпеале бугарската училишна химна ,,Върви народе възродени“ или во превод „Одете луѓе преродени“, а со дечињата во хор пеат и членовите на клубот и конзулот. Во објавата пишува дека песната е по текст на Стојан Михајловски, за како што наведуваат– „дете на ВМОРО“  и музика на Панајот Пипков, за кого од клубот пишуваат дека бил близок пријател на Гоце Делчев.

На Фејсбук страната на клубот споделени се фотографии од настанот одржан на 24 мај, каде пишува дека се промовирало изданието на „Голема бугарска читанка или втор дел на бугарскиот буквар на наречје поразбирливо за македонските Бугари на Кузман Шапкарев, 1868 година“.

Според објавата, настанот се одржал во заедничка организација на клубот „Иван Михајлов“ Битола и Здружението на македонски Бугари „Интеракција“, Воено-историската комисија, Сојузот на резервни офицери Воено училиште на Величество, СЗО и Патриотско државјанство 2024… Меѓу присутните се и претседателот и членови и од новоформирано здружение „Балкански мост“ кое е формирано минатата година, исто така со битолски активисти.

Во март лани министерот за правда Кренар Лога стави попис на решението со кое се одбива како неосновано барањето за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на  бугарскиот културен клуб во Битола, за што претходно негативно мислење даде и Комисијата за употреба на имиња на личности.

Од минатата година тече и судењето против претседателот на клубот „Иван Михајлов“, битолчанецот  Љупчо Горгиевски во Основниот суд во Битола. По три одржани рочишта во кои беа повикани сведоци на обвинителството, од  декември лани рочиштата се одлагаат. Сега најавите се дека новото рочиште е закажано за септември годинава, на кое како сведок во одбрана на обвинетиот треба да се јави екс-премиерот Љупчо Георгиевски – „војводата“, претседател на ВМРО-Народна партија и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавата на Фејсбук на бугарскиот клуб во Битола за одржаниот настан

Претходно за сведоци на Обвинителството, беа повикани Стефан Бошков, претседател на Сојузот на борците од Битола, Зоран Ѓоргиев, публицист и автор на книга за битолските Евреи. Горан Садикарио, директор на Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и пејачот Ламбе Алабаковски, кој во 2022 година ја опожари влезната врата на клубот.

Судењето во главно тече во напната атмосфера, со жесток вокабулар, со различни толкувања на историјата и историски личности, во зависност дали сведокот е на обвинителството или одбраната. Судењето редовно го следи дипломат од бугарскиот конзулат во Битола како и претставници на ОБСЕ.

Преземено од „Независен“

 

Next Post
„Вагнер“, Централна Африканска Република/ скриншот

Рускиот Африкански корпус, кој вклучува поранешни платеници на Вагнер, е распореден во Харкив

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk