Денеска се потврди целата вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија. Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“, изјави Дарко Каевски пратеник на СДСМ.
„Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски. Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари“, рече Каевски.
„Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостронучко здружение! Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа. Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми кои немаат врска со реалноста“, истакна тој.
„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии. Треба да се извинат и да ги вратат парите, назад кај граѓаните. Одовде, од пред белиот дворец, симболот на криминалот и коруцпцијата ја упатуваме порака дека правдата излегува на виделина и секој одговара пред законите“, рече Каевски.







