ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од ИПАРД 3 се очекуваат над 50 отсто повеќе средства

February 11, 2022 09:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија овој месец треба да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021 – 2027 за нашата држава, а откако ќе се завршат административните процедури, ќе биде објавен и првиот јавен повик.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека се очекува со ИПАРД 3 земјава да добие над 50 проценти повеќе средства од ИПАРД 2.

Во интервју за МИА тој најавува дека се работи и на акредитирање нови мерки.

Досега, ИПАРД средства најмногу се бараа за опрема и модернизација на производствени и преработувачки капацитети, но во последно време атрактивна е и мерката за рурален туризам.

-Еден од највисоките приоритети на кои сум фокусиран е ИПАРД зашто знам дека инвестицијата, времето и енергијата што ги потрошивме од 2017 до 2019 година дадоа резултат. Станавме лидери според искористеноста на ИПАРД. Од земја која плаќаше пенали во 2017 година поради неискористени средства, неакредитирни мерки и комплицирани процедури, денес сме пример во целиот регион. Другите учат од нас како да ја зголемат апсорпцијата на европските пари, вели Николовски.

Тој нагласува и дека е постигнат значителен напредок во однос на времето од објавување на повикот до склучување договор за реализација на инвестицијата.

-Во 2017 година се чекаше по 18 месеци за одобрување на некој проект. Просекот од распишување повик до одобрување беше година и пол, а сега се потребни три месеци од повик до склучување договор. На голем дел од оние што набавувале опрема за четири месеци им се исплатени средтсвата па тие сега, нормално, се охрабрени да влегуваат повторно во нови инвестиции, истакнува министерот.

Како што беше речено на деветтата сесија на тема „Предизвици во програмирањето и реализацијата на програмата ИПАРД III (2021 – 2027)“ што ја одржа Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој во септември лани, со ИПАРД 3 Програмата чија временска рамка е од 2021 – 2027 година, во македонското земјоделство ќе влезат инвестиции од 250 милиони евра. Програмата е проектирана на 97 милиони евра иако не е исклучена можноста средствата да се зголемат, но не и да бидат помали, а првиот повик се очекува да биде објавен во периодот јуни – јули 2022 година.

Една од новините во Програмата е авансното финансирање од 50 отсто од повратот на инвестицијата за која се аплицира. Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра. Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на мнинимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Вкупниот буџет на ИПАРД 2 тежеше 60 милиони евра. Според Платежната агенција, интересот за европските пари е голем и досега не е изгубено ниту евро.

Во интервјуто за МИА што ќе биде објавено утре, Николовски зборува и за новите закони и програми, за земјишната политика, како и за пасиштата, а најавува изградба на три откупни центри, во Ресен, Скопје и Струмица, како и институционално јакнење за спроведување на планираните реформи. /MИА/.

Next Post

Центарот на моќта

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk