ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се одбележува 11ти февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката

February 11, 2022 19:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е лидер во Европа според бројот на жени истражувачи кои имаат учество од 53% во вкупниот број на истражувачи во државата и тоа е потврдено во последниот објавен извештај на УНЕСКО. Им честитам на сите млади девојки и жени од овие простори кои одлучиле да се занимаваат со наука. Тие се значаен столб на кој се потпира севкупниот општествено економски тек и напредок, а секако имаат и придонес кон глобалниот развој.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција организирана од страна на сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓорѓиевска, а по повод 11ти февруари – Меѓународниот ден на девојките и жените во науката, на која учествуваа и повеќе други високи претставници од државата и од регионот.

Тој рече дека жените научнички заслужуваат посебна почит од општеството. Особено од институциите на системот кои мора постојано да им овозможуваат што подобри услови и можности за работа и нивниот труд соодветно да биде вреднуван, како мотив за дополнителни заложби.

„Владата токму тоа и го прави. Само во изминатата календарска година преку јавни повици, околу 243 милиони денари буџетски средства беа доделени за да се поддржи реализацијата на научно – истражувачки проекти од посебен јавен интерес кои ги спроведуваат јавните научни установи, како и за подобрување на условите за работа во лабораториите на јавните високообразовни и научни установи“, рече Шаќири.

Додаде и дека стимулативна мерка за создавање нови научници се и стипендиите за втор и трети циклус на студии во државата. Како што рече, првите вратени по 10тина години откако беа укинати, а вторите, оние за докторски студии се воведени за прв пат. Изрази уверување дека трендот на постојан раст на буџетот за наука ќе продолжи и во иднина.

Министерот рече дека Северна Македонија ќе продолжи и во иднина да учествува во глобалното одбележување на овој ден, затоа што оваа иницијатива на Обединетите нации ја сензибилира родовата еднаквост и ја истакнува подготвеноста на жените да дадат придонес кон научната  дејност, додавајќи дека неодамна државата ја поддржа и

Љубљанската декларација за родова еднаквост во истражување и иновации.

 

Next Post

44 санкции за недавање предност на пешаци на територија на СВР Скопје

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk