Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, известуваат од МВР.
При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 44 на територија на СВР Скопје, 20 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 148 други видови на сообраќајни прекршоци, пишува во соопштението.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.







