ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19: 67 починати во Србија, 51 во Хрватска, 19 во Босна и Херцеговина

8.187 нови позитивни случаи се регистрирани во Србија, 5.212 во Хрватска и 1.289 во Босна и Херцеговина

February 12, 2022 21:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Босна и Херцеговина се потврдени 1.289 нови случаи на коронавирус, а 19 лица починале.

Вкупно 2.796 биле пријавени во Институтот за јавно здравје на БиХ, од кои 1.111 биле позитивни на Ковид-19.

Досега се тестирани вкупно 1.183.402 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 239.702 лица.

Во изминативе 24 часа, во БиХ се пријавени девет смртни случаи, во кантонот Централна Босна и Сараево, а пријавени се пет смртни случаи.

Вкупниот број на загинати на подрачјето на тој ентитет сега е 8.358, пишува Анадолија.

Хрватска: Повеќе од две илјади пациенти во болниците

Во Хрватска има 5.212 нови случаи, а бројот на активни случаи во земјата денеска е 41.261.

Меѓу нив на болничко лекување се 2.092 пациенти, од кои 168 пациенти се на респиратор. Починале 51 лице. Досега во Хрватска се заразени 1.015.185 лица, од кои 14.424 починале.

Досега се тестирани вкупно 4.399.677 лица, од кои 11.947 во последните 24 часа.

Потрошени се 5.156.556 дози од вакцината, а имунизирани се 56,71 отсто од вкупното и 67,47 отсто од возрасната популација.

Србија: 191 лице на респиратор

Во Србија се регистрирани 8.187 заразени и 67 смртни случаи.

Последните податоци за епидемиолошката состојба во земјава покажуваат дека во последните 24 часа биле тестирани 22.349 лица, а потвредини се нови 8.187 случаи. Во истиот период починале 67 лица. 4.547 лица се хоспитализирани, од кои 191 на респиратор.

Досега во Србија се тестирани вкупно 8.491.582 лица, а потврдено е дека се заразени 1.834.974 лица. Вкупно 14.366 починати лица.

Црна Гора: Нови 402 случаи

Во Црна Гора се дијагностицирани 402 нови случаи на коронавирус, а две лица починале, соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 2.634.

Земајќи ги предвид сите ново откриени случаи како и бројот на оздравени, вкупниот број на моментално активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора е 3.379.

Словенија: Во вторник олабавување на мерките

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 7.330 инфекции, што е нешто помалку од претходниот ден кога беа регистрирани 7.514, но и 4.178 помалку од пред седум дена, соопшти словенечката влада. Починале 15 лица.

Епидемиолошките податоци сè уште се во надолен тренд. Има повеќе од 154 илјади активни случаи, за 7.520 помалку од претходниот ден, пренесе Хина.

Поради неколкудневниот тренд на подобрување на епидемиолошката состојба, Владата во вторник со епидемиолозите ќе разговара за можното олеснување на мерките.

„Ќе разговараме за прилагодување на мерките на ситуацијата бидејќи епидемиолошката слика може повторно да се влоши“, рече министерот за здравство Јанез Поклукар.

Но, тој не сакаше да зборува за какви конкретни мерки ќе одлучи Владата следната недела и додаде дека на стручните лица остава да ги кажат своите предлози.

Косово: Четири починати лица

Во Косово во последните 24 часа починале уште четири лица, додека од 4.043 тестирани примероци, 643 биле позитивни.

Според Министерството за здравство на Косово, во истиот период биле излечени 2.028 пациенти, а од почетокот на епидемијата на коронавирус оздравеле вкупно 204.632 лица.

Има 14.639 активни случаи на Ковид 19.

Извор: Al Jazeera Balkans

Next Post

Швајцарија е првата земја која ќе ги забрани тестирањата врз животни

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk