ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Ниту еден градоначалник не алоцираше дополнителни средства за справување со енергетската криза

February 14, 2022 22:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту еден градоначалник не направи еден денар алокација на дополнителни финансиски средства за справување со енергетската криза. Сите донесоа буџет како ништо да не се случува, а кризата веќе ја имавме на врата, рече вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во дебата со скопската градоначалничка Данела Арсовска на „24 анализа“, Битиќи не ја исклучи можноста дека Владата ќе им помогне на општините околу сметките за струја, но во овој контекст го отвори прашањето – каква е улогата на локалните самоуправи ако сé паѓа на товар на централната власт, додека државата е веќе во фаза на функционална децентрализација.

Според вицепремиерот, ЗЕЛС воопшто немаше поднесено барање до Владата во однос на енергетската криза, а барањата од општините поединечно се разгледуваат и се прави анализа – какви финансиски импликации ќе има врз буџетот.

-Не се согласувам дека не помагаме, ниту дека градоначалниците немаа можност навреме да не интервенираат. Сите градоначалници, до еден, ги добија мандатите пред да се усвојат буџетите за 2022 година. Ниту еден градоначалник не направи еден денар алокација на дополнителни финансиски средства за справување со енергетската криза. Сите донесоа буџет како ништо да не се случува, а кризата веќе ја имавме на врата. Дури, како ништо да не се случува во нивниот еко систем им раскинуваа договори и остануваа на крајниот снабдувач, а крајниот снабдувач е берзанска цена плус 50 отсто повисока цена иако можат веднаш да објават нов тендер и да побараат нови снабдувачи на електрична енергија за да ја добијат барем по берзанска цена плус одредена маржа која не оди повеќе од 10 отсто. Но, повеќето градоначалници продолжуваат да си бидат на крајниот снабдувач како ништо да не се случува, подвлече Битиќи.

Тој потсети дека во овој момент градинките кои се под ингеренции на локалната самоуправа, плаќаат субвенционирана цена за струјата од страна на државата.

– Ако цената на 1 јануари требаше да се зголеми за 80 отсто, таа се зголеми за само 9,8 проценти, а тоа значи дека разликата во поскапувањето ја плаќа Владата, државата. Остануваат училиштата, основни и средни, како и јавното осветлување. Повеќето градоначлници, за жал, плаќаат најмалку за 50 отсто пониски фактури за јавно осветлување зашто нивните претходници инвестирале во ефикасно, штедливо осветлување. Скопје сега плаќа 70 отсто пониска фактура за електрична енергија од вообичаено, зашто лани инвестираше во тоа, рече Битиќи.

Во оваа прилика, вицепремиерот укажа дека општините немаат собрано повеќе од 47 отсто данок на имот од граѓаните, како и дека по таа основа губат големи средства. Кажа дека и тој лично се уште добива решение за данок за стара квадратура по што вети дека лично ќе се заложи, општините да ги добијат потребните податоци од Агенцијата за катастар.

Градоначалничката на Скопје, Арсовска напомена дека помош барале, но не добиле се уште.

-Буџетите се задолжени за три генерации. Каде и да скратиме, ќе погрешиме. Треба да се реагира со одредени мерки. Што да ребалансираме, од кој буџет, од милионските долгови? Не можете да им дадете на општините ситно, а да очекувате големи проекти, рече Арсовска и порача да не се политизираат ваквите прашања.

Според неа, ЗЕЛС ги прави пресметките, но смета дека освен на општините, за сметките за струја треба да им се помогне и на јавните претпријатија.

извор: МИА

Next Post

Битиќи потврди дека ќе има раст на пензиите и дека ќе се менува моделот

Најново

Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk