За 100 дена градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат 1.090 проекти од кои 166 капитални, нови булевари, паркови, водоводи, асфалтирани улици, објавија на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ.
Она што го забележале твитерџиите, е кога ќе се соберат сите наведен проекти, збирот е тотално погрешен. И оттука почнува целата приказна:
66 + 33 + 68 + 206 + 111 + 96 + 200 = 880
Ај што се сите измислени ама барем да додаделе нешто плус за да збирот биде 1090 ко што прикажуваат.
Има ли еден писмен таму бе?, прашува @Сплинтер.
166 + 33 + 68 + 206 + 111 + 96 + 200 = 880
Ај што се сите измислени ама барем да додаделе нешто плус за да збирот биде 1090 ко што прикажуваат.
Има ли еден писмен таму бе? :))) pic.twitter.com/3t19YjeYfe— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) February 14, 2022
– Со 200 на саат им вози колата, му реплицира @100Marki
– Па Грујо им беше Премиер, знаеме тој колку беше јак со математика, се надоврзува @Stanley Greenberg.
– Единствениот успех на градоначалниците од ВМРО за 100 денови е што бараа помош од Владата за се!, коментира @Бате Шефе.
– Има три од Карти и десет бонус, 20 се магија, затоа не ги гледаме, вели Ивана.
– 33 градинки, 68 училишта, 96 игралишта и паркови. Оќеј, дајте од дрогата, за и ние во Ѓорче да видиме нешто од ова, пишува @Чак на Ориз.
– Ај сеа стварно малце озбилно. Ваквото лажење е страшно и језиво. Замисли овие да ја водат државата и да ти даваат ваков “отчет” и да ти продаваат некаква алтернативна реалност, а не таа што ја гледаш со свои очи. Што е следно – сме станале светски прваци у фудбал ноќеска?, прашува @Yoko.
– Не си разбрал, ова се проекти од пчеларството… градинки за пчели, водовод за пчели, реплицира @nn.
– Колку странци се чудат кога доаѓаат тука и не е тоа утописко опшесво шо го продаваше Грујо 11 години, ова е истото, коментира @Babus.
– Таква е секогаш тактиката на десничарите – лажење и само лажење. Не гледај што правам, слушај ме што зборам, се надоврзува @jordantscho.
– Што се чудиш. Наративот е стар и добро познат. Жално е што проаѓа кај народот, додава @Aмбасадорот.
– Сè тече , сè се менува освен пропагандата на ВМРО, констатира @alexaaatray.
Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи на сметка на лажните бројки на реализирани проекти во првите сто дена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, што беа објавени на нивната официјална страница.
Ј. Ѓ.