ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

За НАТО, повлекувањето на руските трупи не претставува деескалација

February 15, 2022 14:35
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево изјави дека НАТО очекува посилен знак на деескалација од најавата за повлекување на војниците во и околу Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на Северноатлантската алијанса попладневно на прес – конференција пред почетокот на дводневниот Министерски совет за одбрана, кој се одржува утре и задутре во Брисел, оцени дека оваа најава за повлекување не преставува вистинска деескалација.

-Не гледаме деескалација на терен, нема намалено воено присуство на границата, ние ќе продолжиме да набљудуваме од блиску што прави Русија, имаме знаци дека има волја во Москва за ангажман во дипломатски напори и тоа ни дава причина за внимателен оптимизам, рече Столтенберг денеска пред новинарите.

Според него, повлекувањето на трупите што го најави Русија утрово, не соодветствува со реалноста и дека военото засилување на терен продолжува со борбени групи, артилерија, и други елементи на поддршка кои и овозможуваат на Русија во секое време и без предупредување брзо да се врати во Украина и да организира напад.

За НАТО е, исто така, проблем што Москва не ја повлекува воената опрема.

-Повлекувањето на опремата бара повеќе време од повлекувањето на трупите, тие влегуваат со тешка опрема и трупите можат брзо да се вратат назад, она што треба да го видиме е значајно и трајно повлекување на воените сили и на тешката опрема. Она што го гледаме од минатата пролет е растечки тренд кој ќе има последици врз безбедносната состојба во Европа, додаде генералниот секретар на НАТО.

Алијансата, сепак, ги поздрави знаците на добра волја за разговори од страна на Русија и изрази надеж дека Москва ќе одговори на серијата предлози испратени од страна на НАТО до Москва на крајот на јануари кои би се разговарале во рамките на Советот НАТО-Русија. За сега нема одговор од Москва.

Паралелно, лидерите на големите земји сојузнички на НАТО во последниот период остваруваат редовни контакти со рускиот претседател, Владимир Путин, од телефонски разговори со Џо Бајден до средби со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Во срцето на судирот помеѓу Русија и Западот се анексијата на Крим и војната со Украина, но и аспирациите на Киев да стане земја членка на НАТО, на што силно се противи Русија, заедно со Кина.

Столтенберг денеска повтори дека политиката на отворени врати, односно на проширување, на НАТО не се менува и дека декларацијата од Букурешт во 2008 која ја отвори вратата за потенцијално зачленување на Украина и Грузија во Алијансата и натаму важи.

-НАТО ги почитува суверените одлуки на земјите, како што почитуваме дека Шведска и Финска не аплицираа за членство во НАТО, така почитуваме што Украина сака да аплицира, но тоа Русија и Кина не го почитуваат, рече генералниот секретар, изразувајќи увереност дека утре 30-те земји членки на Алијансата ќе ја повторат нивната политичка поддршка за партнерството со Украина и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Украинскиот и грузискиот министер за одбрана ќе им се придружат на една сесија на НАТО министрите.

Состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се одржува утре и задутре. Министрите најголем дел од дискусиите ќе го посветат на безбедносната криза со Русија, како и иднината на стратешкиот концепт на НАТО./MИА/. 

Next Post

Тренчевска: Преку ИПА проектите за предучилишно образование и сузбивање на неформалната економија го унапредуваме животот на граѓаните

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk