ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД и НАТО сметаат дека Русија го зголемува бројот на војници во близина на Украина, а не се повлекува

February 16, 2022 19:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД и НАТО соопштија денеска дека Русија се уште има војници долж границата со Украина и покрај најавата на Москва дека се повлекува, со што се доведува во прашање наведената желба на рускиот претседател Владимир Путин да преговара за решавање на кризата.

Во Украина, каде што луѓето ја пееја националната химна за да покажат единство против стравот од инвазија, Владата соопшти дека кибер нападот што го погоди Министерството за одбрана е најголемиот од тој вид што земјата го претрпела.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили се повлекуваат по маневрите во јужните и западните воени области во близина на Украина – дел од огромното зајакнување кое беше придружено со барања за опсежни безбедносни гаранции од Вашингтон и НАТО.

Тие објавија видео на кое се прикажани тенкови, пешадиски борбени возила и артилериски единици како го напуштаат полуостровот Крим.

Сепак, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека клучните руски единици се движеле кон границата, а не од границата.

– Тоа е она што го вели Русија. А, потоа е она што го прави Русија. И ние не видовме никакво повлекување на нејзините сили. Продолжуваме да гледаме како критичните единици се движат кон границата, а не се оддалечуваат од границата, истакна Блинкен во интервју за МСНБЦ.

Висок претставник на западното разузнавање нагласи дека ризикот од руска агресија врз Украина ќе остане висок до крајот на февруари и Русија се уште би можела да ја нападне Украина „во суштина или речиси без предупредување“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг додаде дека движењето на војниците и тенковите „напред-назад“ не е доказ за повлекување.

– Не видовме никакво повлекување на руските сили. И, се разбира, тоа е спротивно на пораката за дипломатските напори“, изјави Столтенберг пред состанокот на Алијансата во Брисел, додавајќи дека „она што го гледаме е зголемување на бројот на војници, а голем број трупи се на пат. Значи, засега нема деескалација“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го искористи обраќањето за „Денот на единството“ и истакна дека Украина не стравува од евентуална руска инвазија, ветувајќи дека неговата земја ќе возврати.

– Ние не се плашиме од прогнози, не се плашиме од никого, од какви било непријатели. Ќе се браниме, нагласи Зеленски на настан организиран од армијата во источниот пристаништен град Мариупол.

извор: МИА 

Next Post

Ковачевски: Средба со Мицкоски кога ќе има теми за разговор

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk