ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Влада: Проектот „Терминал за течен гас во Александропулос“ обезбедува долгорочно снабдување со течен гас

February 16, 2022 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на 14-тата седница меѓу кои е Одлуката на Владата за отпочнување на процесот за потпишување на договорите врзани за проектот Терминал за течен гас во Александропулос, Република Грција, за што веќе е склучен Mеморандум за разбирање помеѓу АД „ЕСМ“ и „Гастрејд СА“.

Со овие договори и преземени обврски, Терминалот ќе обезбеди сигурно и долгорочно снабдување со течен гас за потребите на Северна Македонија и е чекор кон реализирање на стратешките цели за енергетска независност на земјава.

Реализацијата на оваа инвестиција потенцијално ќе значи отворање втора рута за снабдување на Северна Македонија со течен гас од други држави, покрај моменталниот снабдувач. Со тоа се очекува да се зголеми капацитетот за дотур на гас во земјава, би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените.

Вчера, Владата ја донесе Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година со која ќе се подобри руралната инфраструктура и пристапот до земјоделските површини.

Средствата ќе ги користат центрите за развој на планските региони, а избраните проекти е предвидено да се реализираат во рок од 12 месеци од потпишувањето на договорот за финансирање.

На редовната прес-конференција, по Владината седница, беше информирано и за разгледаната Предлог- структура и Акцискиот План за воспоставување на систем за индиректно управување со ИПА средствата.

Регулативата за имплементација за најновиот инструмент за претпристапна помош од ИПА Програмата 3 за 2022 година ги дефинира следните приоритети: Владеење на правото, фундаментални права и демократија, Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација, Зелена агенда и одржлива поврзаност, Конкурентност и инклузивен раст, како и Територијална и прекугранична соработка.

Дополнително, во рамките на приоритетот „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ предвидени се дополнителни тематски приоритети како, Животна средина и климатски промени и Транспорт, дигитална економија, општество и енергија.

Владата на вчерашната седница, информираа портпаролите, ја усвои Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 -2030 година. Овој документ е дел од јавните политики на државата за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници. Стратегијата и инвестирањето во развојот на ромската заедница има долгорочни придобивки и е во согласност со постигнувањето на одржливите развојни цели на Организацијата на Обединетите нации.

Next Post

Шестмина уапсени во БиХ поради детска порнографија

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk