ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: Струја снема речиси во цело Скопје, не само во зградата на Филхармонија додека говорел Мицкоски

February 17, 2022 08:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на  Филхармонија, туку речиси во цело Скопје, но и во делови од Велес и во некои населени места во Овче Поле. Ова се случи поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, а тоа го потврдија од МЕПСО и од ЕВН. Така што, обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ дека прекинот на струјата бил во режија на власта, е спинување на вистината и провиден обид за собирање на ситни политички поени.

Вистиномер анализира.

На 13.02.2022 година, во попладневните часови, речиси цело Скопје остана без струја. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по тој повод реагираа преку соопштение, обвинувајќи ја власта дека намерно снемало струја додека партискиот лидер Христијан Мицкоски давал отчет.

Спин: Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија. Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор. Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја? Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

[Извор: Официјална веб-страница на ВМРО-ДПМНЕ; Датум: 13.02.2022]

Контраспин: Во обвинувањето кое дојде од ВМРО-ДПМНЕ дека власта на СДСМ и ДУИ намерно направила да снема струја во моментот кога Мицкоски давал отчет, се препознава спин. Причината за тоа што речиси цело Скопје во неделата попладне (13.02.2022) потона во мрак, како што соопштија надлежните, е пожар околу трафостаницата на МЕПСО во Пинтија.

Од МЕПСО соопштија дека причина за прекин на струјата на територијата на речиси цело Скопје, делови од Велес и некои населени места во Овче Поле бил испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица.

Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија, изјавија од МЕПСО.

Од компанијата додадоа дека диспечерите на АД МЕПСО во најбрз можен рок воспоставиле напон во најголем дел од населените места и таму е нормализирано снабдувањeто со електрична енергија.

Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување, информираа од МЕПСО.

Со слични информации дента излегоа и од ЕВН.

Немаме информација целосна, единствено дека има експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО. Нема дотур на електрична енергија до мрежата на ЕВН, информираа од компанијата.

Оттука,  соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека власта намерно ја исклучила струјата во објектот на Филхармонија додека Мицкоски давал отчет, а со цел да го замолчи, во најмала рака делува смешно. На 13 февруари попладнето снема струја не само во објектот на Филхармонија, туку речиси во цело Скопје, но и во делови од Велес и во некои населени места во Овче Поле. Ова се случи поради испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, а тоа го потврдија од МЕПСО и од ЕВН. Така што, обвинувањето на ВМРО-ДПМНЕ декапрекинот на струјата бил во режија на власта, е спинување на вистината и провиден обид за собирање на ситни политички поени.

Извор: Вистиномер

Next Post
Сашо Орданоски

Летечкиот циркус Монти Пајтон, македонска верзија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk