ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Летечкиот циркус Монти Пајтон, македонска верзија

February 17, 2022 09:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Многу е убаво да си во опозиција, дури и кога си на власт. Локална.

Тоа изгледа вака: До пладне ВМРО-ДПМНЕ ќе ја обвинува „неспособната и криминална Влада“ дека ја уништува државата со преголемите задолжувања за да се справи со енергетската криза; а попладне ЗЕЛС, на чело со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ќе се закани на истата таа централна власт дека доколку Владата не им трансферира вонредни пари на општините да ги покријат финансиските дупки предизвикани од енергетската криза, тогаш општините „ќе се радикализираат“ против ненародната власт!

Со други зборови, кога државата троши (наши) пари во решавање на националните економски и социјални приоритети, тоа е криминал, непсособност и корупција; а кога од истите тие (наши) пари, со ултимативни барања, се инсистира на помош за општините во справување со енергетските трошоци, јавниот транспорт, парното греење, загадувањето на животната средина, градењето училишта и градинки и сл., тоа се успешните 1.090 проекти што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испорача на граѓаните како свој голем дострел, бидејќи овие од централната власт се крадци и неспособни за ништо. Плус се и предавници, бидејќи додека трудољубивите градоначалници метат улици во должина од 100 метри и садат пролетни садници по булеварите, баграва од Владава ги распродава националните интереси во преговорите со Бугарите, за што побрзо да почнеме интеграција со ЕУ која ќе ни ги отвори локалните и регионалните фондови на Унијата за помош на општините со кои доминантно владее опозицијата, која едвај чека да добие пристап до тие европски пари за развој, откако централната власт ќе ги предаде националните интереси. Политичко вертиго!

Спас од ова? Вонредни избори, за појадок, ручек и вечера! Кој не верува, може да се обрати за стручно идеолошко толкување до Агатангел – оригиналната македонска копија на Саурон, владетелот на Мордор – кој во слободно време е владика во МПЦ за кого Мицкоски е „за гради“ поголем бог од Господ.

Паралелно со ова, нашиот политички летечки циркус Монти Пајтон настапува и на затворените седници на Владата, на кои присуствуваат само министри со сертификати за државна тајна, на кои се разгледуваат прашања за… не, не за импликациите од украинската криза врз земјава, ако на тоа мислевте, туку за тоа како тајно да се „протне“ некоја потполно неквалификувана „лепотица“ од подмладокот на ДУИ за генерален конзул во Њујорк. Откако оваа вечерна владина „тајна“ веќе следното утро стана од јавна-појавна, ниту таа ќе замине за Њујорк, а ни надлежниот министер Османи ќе може да измисли доволно вешти вратоломии за да ја ублажи јавната катастрофа од оваа дипломатска кадровска глупост. Освен ако не го објасни како забавно интермецо меѓу две рунди државотворни преговори со Софија.

Баш ме интересира како изгледал разговорот меѓу Ковачевски и Османи на оваа тема?! Бидејќи, веќе на следното појавување и Ковачевски ќе мора да одговори на ова прашање…

Но, врвот на македонската институционална еднодневна зафрканција е, сепак, резервирана за судството, бидејќи Врховниот суд на Македонија, од процедурални причини, вчера му ја укинала две и пол годишната затворска казна на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, досудена во случајот „Акмис“. Да бидам искрен, работата почна некако да „заудира“ уште кога пред две недели Панчевски самиот се пријави на капијата на затворот за издржување на казната, оти него можете да го обвините за многу работи, но не и дека е будала. А тој, всушност, знаел нешто што другите допрва го дознаваме. Сега си изгледа уште „погланц“ невин одошто тврдеше неговата одбрана за време на процесот против него. Панчевски толку сакаше да ја испочитува правдата, ама, ете, не му се дава!

И кога заради ова во некој следен меѓународен извештај во кој се мери годишниот индекс на демократијата, перцепцијата за корупцијата или успехот на реформите во правосудството ќе паднеме за три, пет или седум места, што мислите, кој ќе држи мелодраматични прес-конференции со барање за оставки и вонредни избори? … Па, идолот на Агатангел, се разбира.

И така ви е тоа секој ден во Македонија. Вистински летечки циркус.

 


Преземено од ЦИВИЛ. Сите права се заштитени. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post
МИА

САД тврдат дека Русија распоредила уште 7.000 војници на границата со Украина

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk