ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Ги развиваме руралните подрачја, доделени договорите од ИПАРД 2 за нови инвестиции за рурален развој

February 17, 2022 14:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, ги доделија првите договори за инвестиции од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Конкретно за оваа мерка, особено ми е драго што првичната одобрена сума од 9,6 милиони евра, Европската Делегација ја зголеми на 13,5 милиони евра, со цел да се поддржат поголем број на инвестиции. И ова е сериозен доказ, за нашата посветеност и секоја преземена активност за ефикасно искористување на мерките од ИПАРД програмата – без да се враќаат пари назад, туку напротив, да добиваме повеќе пари преку европските фондови, кои земјоделците ќе ги користат за нови инвестиции, за модернизирање на производството, од што крајниот бенефит е модерно, развиено и европско земјоделство“ изјави Николовски.

Мерката 7 има широка примена и по принципот на кофинансирање нуди поддршка за најразлични инвестиции во земјоделството.

„Со помош на средстава од ИПАРД 2 ќе се реализираат инвестиции во сместувачки капацитети за развој на руралниот туризам, инвестиции во обезбедување на ветеринарни услуги во рурални средини, инвестиции во производство на ПВЦ столарија, производи од метал, бетон, дрво и текстил, а дел од апликантите ќе набават опрема за производство на ракија, мед и други прехрамбени производи и пијалоци. Соодветните апликанти кои се јавуваат како физички и правни лица доаѓаат од различни делови на државата што оди во насока на обезбедување на рамномерен регионален развој, пред се од економски аспект“ изјави директорот Бачовски.

Преку сите мерки од ИПАРД 2 програмата, до денеска вкупно одобрени и реализирани се 2.257 проекти, со вкупна вредност на инвестициите од над 69 милиони евра. До денеска целосно реализирани се 1.948 проекти  со вкупна вредност на инвестициите од 39 милиони евра, а 1.781 апликант целосно ги завршиле инвестициите и на нивните сметки вратени се 21,8 милиони евра средства кои се директно слеани во домашното стопанство и кои директно влијаеле на отворање на нови и модернизација на постојните капацитети, известуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За ИПАРД 3 програмата што треба да се усвои месецов, очекуваме ЕК за Северна Македонија да одобри над 50 отсто повеќе финансиски средства. Првиот јавен повик за ИПАРД 3, се очекува да се објави во последниот квартал од годинава, со  достапни над 30 милиони евра, пишува во соопштението.

Ова се пари за нови инвестиции, кои директно влегуваат во земјоделството, и значат профитабилност, напредок и заработка. Паралелно, со новите Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кои за прв пат годинава се усогласени со европските регулативи, го позиционираме земјоделството како една од базичните гранки на кои ќе го темелиме идниот економски раст, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Next Post

Ковачевски: Нашето единство во политиката произлегува од собраниските декларации и резолуции

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk