ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сесии на Северноатлантскиот совет и партнерите: НАТО, ЕУ и партнерите споделуваат исти вредности

February 17, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Средбите на министерскиот состанок на НАТО денеска продолжија со сесии на кои учествуваа партнерите на Алијансата, вклучувајќи ги и Украина и Грузија, информираат од министерството за одбрана.

Министрите за одбрана ја потврдија политиката на отворени врати на Алијансата и потребата секоја суверена земја самостојно да одлучува за нејзината иднина.

Министерката Петровска, во заедничката изјава на оваа сесија која ја даде во име на Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Црна Гора ја поздрави соработката на НАТО со партнерите, која е значаен механизам за унапредување на безбедноста и ги поздрави напорите на Украина и на Грузија за имплементација на одбранбените реформи. Министерката порача дека Северна Македонија, Албанија, Хрватска и Црна Гора се подготвени за споделување на искуствата и научени лекции во процесот на интеграција.

Петровска заедно со сојузниците ги поддржа напорите на Украина и на Грузија за решавање на сите предизвици по мирен пат и со силна дипломатска активност, а особено ја поздравија смиреноста и воздржаноста на Украина во контекст на дестабилизирачките активности на руско-украинската граница.

За соработката со најблиските партнери на Алијансата – Шведска, Финска и Европската Унија, заклучено беше дека таа е круцијална за безбедноста во евроатлантската област и дека и НАТО и ЕУ се засноваат на истите вредности и истата определба за мир и безбедност во глобални рамки. Министрите се заложија за блиска соработка и постојана координација на теми од заедничко значење како справувањето со сајбер заканите и хибридните закани, борбата против тероризмот и отпорноста на климатските промени.

Министерката Петровска денеска во седиштето на НАТО имаше средба со својот колега од Албанија, Нико Пелеши, при што беше потврдена посветеноста на Министерството и на Северна Македонија на развојот на меѓусебната одбранбена соработка. Балканските земји – членки на НАТО се столбот на безбедноста на регионот и затоа потребна е силна и интензивна соработка помеѓу министерствата за одбрана и припадниците на вооружените сили.

Next Post

Претседателот Пендаровски ќе учествува на 58-та Минхенска безбедносна конференција

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk