ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со измислена изјава се величи моќта на Русија

February 17, 2022 10:52
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањата на меѓународната безбедност и воените теми имаат тенденција да привлечат голем интерес кај читателите, поради што често се случува одредени настани или изјави да бидат извадени од контекст, и им се даваат сензационалистички бои. На овој начин, колку повеќе се кликнува на линкот, толку повеќе се зголемува рекламирањето и профитот на луѓето кои го злоупотребуваат медиумскиот простор. Во содржината која ја разгледуваме со измислена изјава се велича моќта на Русија, пишува Порталб.мк.

„Путин: Нашата ракета пристигнува за 5 минути до оние кои издаваат наредби“ е насловот на содржината што ја разгледуваме, и е објавена на 2 декември 2021 година на порталот „Директно“, а дистрибуирана на „Фејсбук“ на 27 јануари 2022 година од страницата „Дијаспора Заедно“.

На прв поглед бомбастичниот наслов и драматичните фотографии се главните елементи за привлекување внимание, сепак тоа е непрофесионален медиумски производ. Во текстот што го рецензираме го нема името на авторот кој работел на оваа „вест“ и тоа е во спротивност со новинарските принципи. По секој пасус, на читателот му се наметнува барање да кликне на рекламниот линк за да прочита повеќе. Датумот на објавување на содржината не се совпаѓа со оној на дистрибуцијата на „Фејсбук“, сепак сите овие елементи не спречиле содржината да има висока интеракција. За само неколку дена, објавата на Фејсбук ја лајкнале 104 луѓе, околу 115 други коментирале, а други 5 ја споделиле на своите профили.

Скриншот од содржината што ја разгледуваме

Сензационален наслов што не се појавува во текстот

Насловот на содржината што ја рецензираме е многу сензационален и тенденциозен и во ниту еден момент не е цитиран во содржината. Во однос на содржината на текстот, видлив е конфузен пристап и се работи за некохерентен текст. Првиот пасус гласи: „Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот предупреди да не се испраќаат трупи и оружје на НАТО во Украина, велејќи дека тоа е „црвена линија“ за Русија и ќе предизвика силен одговор“. Всушност, текстот објавен во декември се однесува на изјава на рускиот претседател дадена на 18 декември, изјава која беше во фокусот на светските медиуми. Во написот објавен од Ројтерс „Путин вели дека Западот ги преминува руските „црвени линии“, а на Алџазира „Путин го обвини Западот дека ги преминува „црвените линии“ на Русија“ детално се зборува за вознемирувачките изјави на рускиот претседател, но во ниту еден момент не се цитира дека Русија има ракета што стигнува за 5 минути до оние кои издаваат наредби.

Според меѓународните медиуми, Путин овие изјави ги дал за време на телевизиско гостување на руска телевизија, а не на „инвестициски форум“ како што се тврди во текстот што го рецензираме. За време на телевизиското обраќање, Путин нашироко зборувал за руската надворешна политика и предупредил дека западните стратешки бомбардери кои носат „многу сериозно оружје“ летаат на 20 километри од руските граници.

Во последниот пасус се истакнува „Рускиот претседател рече дека новата хиперсонична ракета, која се очекува да биде ставена во употреба од руската морнарица на почетокот на следната година, би можела да ја достигне својата цел во слични моменти. „На истата ќе и требаат само пет минути да стигне до оние што издаваат наредби“, рече тој.

Како што споменавме погоре, од проверката и анализата на написите објавени во светски познатите медиуми, нема изјава на рускиот претседател каде што е нагласена реченицата „Нашиот проектил стигнува до оние кои издаваат наредби за 5 минути“. Авторот на текстот или погрешно ја превел изјавата на рускиот претседател или намерно ја пренесува оваа изјава во лажна форма за да создаде тензија и да привлече што повеќе кликови.

Што се однесува до темата за новата руска хиперсонична ракета е друго прашање кое го привлече вниманието и на меѓународните медиуми. На 29 ноември светската новинска агенција Ројтерс го објави насловот „Русија вели дека хиперсоничната ракета Циркон ја погодила целта при последниот тест“ во кој се објаснува соопштението на Русија за успешното тестирање на ракетата „Циркон“. Понатаму се вели дека проектилот бил истрелан од воен брод во Баренцовото Море и погодил поморска цел на повеќе од 400 километри. Деталите за последното тестирање на споменатата ракета ги соопшти руското Министерство за одбрана, а не претседателот Путин, како што се тврди во содржината што ја разгледуваме. Путин го поздрави успешниот тест и го оцени како важен настан за земјата (ВИДЕО: Од 0:52), за време на јавен настап во декември.

#Footage #RussianNavy continues tests of the #Tsirkon hypersonic cruise missiles. In the White Sea, the #AdmiralGrigorovich frigate successfully strikes a land target with a #Tsirkon missile on the coast of the #SeaOfBarents https://t.co/olmWB2oCUo#MissileLaunch #RussianWeapons pic.twitter.com/dgn8kfj4SH

— Минобороны России (@mod_russia) July 19, 2021

Со написи од овој вид, споменатиот медиум создава фасцинација и фаворизирање на Русија. Вообичаено, воената моќ на Русија не е дел од некоја широка или длабинска анализа, споменувањето често се прави надвор од контекст (поврзано со кој било настан – прослава, маневар, изјави на високи претставници на руската влада) и нема компаративни елементи или балансиран наратив за воената моќ на другите држави. За оваа појава прочитајте повеќе на овој линк.

Искривување на фактите и извадени од контекст на изјава е неприфатливо во новинарството, ваквата постапка е во спротивност со Кодексот на новинарите кој вели:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информации кои се од јавен интерес. Новинарот мора да објавува точни и докажани информации и нема да крие суштински податоци и нема да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или ако се работи за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави. Точноста на информациите треба да се докажува колку што е можно повеќе“.

Извор: МЕТА

Next Post

Билатерални средби на Петровска со министри за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk