ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Лага е дека баба од Русија открила таен рецепт за висок крвен притисок

February 17, 2022 22:00
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека жената од фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. „Тајниот рецепт“, пак, водата од кормид, не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок, пишува „Вистиномер“.

Пост на Фејсбук ја манипулира јавноста дека баба од Русија имала таен рецепт за висок крвен притисок и за покачен шеќер во крвта.

Оваа баба го откри тајниот рецепет, се вели во постот

Постот е придружен со линк од напис во кој се посочува дека 75-годишна баба од Русија со помош на кромид го регулирала високиот крвен притисок. Во прилог на написот има фотографија од една старица и секако рецепт од „волшебниот напиток“.

Науто сварете една главица кромод (околу 300 грама) со 250 милилитри вода. Варете од 8 до 10 минути.Течноста поделете ја на три дела и испијте една половина половина час пред доручек, другата пред ручек и третата половина пред вечера. Третманот применувајте го 10 дена без прекинување,а потоа се прави пауза, се вели во написот.

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека возрасната жена прикажана на фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. Па така, жената освен што е претставена како баба од Русија со таен напиток за крвен притисок, таа е употребена и како илустрација за реформите во системот за грижа за стари лица во Израел, но и како илустација за текст во кој се зборува за тоа што би се случило доколку мажот ја предаде родената мајка и ја избере сопругата.

Што се однесува до тајниот рецепт за висок крвен притисок, мора да напоменеме дека кромидот дефинитивно не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок.

Високиот притисок е сериозна здравствена состојба и тој на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да биде убиец, посочува д-р Александар Митов на својата официјална веб-страница.

Тој наведува неколку најзначајни животни навики кои значително помагаат во превенцијата, а некои и во самиот третман од високиот крвен притисок. И Секако никаде не го спомнува кромидот.

  1.  Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може да се најде во многу производи
  2.  Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста храна богата со растителни влакна.
  3.  Имајте редовна физичка активност.
  4. Намалете го внесот на кофеин! (пијте слабо засладени пијалаци, наместо кафе, кока кола и енергетски пијалаци)
  5. Најдете начин со кој ќе се справувате со стресот.
  6. Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите.

Слични совети можат да се најдат и на веб-страницата на примариус д-р Самарџиски. Кај пациентите со висок крвен притисок се препорачува: Физичка активност (брзо одење 20-30 минути/ден, фудбал, тенис, кошарка), престој на чист воздух, одржување на телесната тежина блиску до идеалната (треба да ја одреди лекар според индексот на телесна маса), редовна и здрава исхрана, редовни лекарски контроли, по однапред направен распоред, дури и ако нема тегоби, еднаш годишно контрола кај пациенти со регулиран крвен притисок, ако нема тешкотии од било кој вид, редовно земање на лековите и спроведување на постапките за здрав начин на живот и здрава исхрана, онака како што е препорачано од лекар, грижа за сопственото здравје и добра регулација на крвниот притисок.

И тука никаде не се советува да се пие вода од кромид. Водата од кромид како лек против висок крвен притисок (хипертензија) не се наоѓа ниту во Упатството за медицинското згрижување при хипертензија донесено од Министерството за здравство.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме содржи дезинформации. Водата од кормид не лекува висок крвен притисок и ваквите тајни рецепти во никој случај не смеат да се земаат на своја рака без консултација на лекар специјалист, бидејќи можат да доведат до несакани последици по здравјето. Бабата претставена во постот дефинитивно не е бабата од Русија со тајниот рецепт. Според сето тоа, постот го оценуваме како невистинит.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Тупанчевски: Новиот Закон за помилување нема да остава простор за погрешно толкување

НАЈНОВО

Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

October 7, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската влада падна за 24 часа, Европа стравува за еврозоната

October 7, 2025

Патувањата на „Кругови“ од хартија до клавир

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk