ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За минималецот и пензиите се обезбедени средства, во петок прва средба за зголемување на пензиите

February 17, 2022 08:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на минималната плата и најавениот раст на пензиите нема да повлечат ребаланс на Буџетот, уверуваат од Владата. За петок е најавен и првиот состанок за зголемување на пензиите, а решението ќе се носи низ дијалог со сите засегнати страни.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека за зголемувањето на минималецот кој треба да изнесува 18.000 денари се обезбедени средства во Буџетот, а за пензиите дека има пари во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување.

– И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, истакна Битиќи.

Според Битиќи, финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за лани, како година на пандемија и економска криза, покажуваат дека има значително зголемување на приходите заради движењето на економијата и на платите.

Преговорите за пензиите, како што вчера најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе почнат в петок. На состанокот се очекува да се разговара за можноста за промена на методологијата за пензиите, а доколку се прави нова методологија, тогаш таа ќе биде направена низ дијалог и ќе се бара најодржливото решение прифатливо за сите, уверуваат надлежните.

– На ист начин ќе биде направена новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здруженијата на пензионерите, односно асоцијациите на пензионерите. Тој дијалог ќе започне в петок оваа недела. Министерката за труд и социјална политика веќе го има свикано првиот состанок на којшто ќе се разговара за моделите што ги имаат размислувано асоцијациите на пензионерите и економските ресори во Владата. Таа методологија треба да овозможи зголемување на пензиите кое ќе биде одржливо во текот на наредните години, при што треба да се внимава и на одржливост на пензискиот Фонд, изјави вчера Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на МИА по посетата на компанијата „Текспорт“.

Дополнително, со оглед на тоа што се работи за година на економска криза предизвикана од енергетската европска криза, се прават анализи и за дополнителна финансиска помош за пензионерите.

-Анализите се водат во насока помошта да биде скалеста, односно оние што имаат најмали пензии да добијат најмногу, а оние што имаат повисоки пензии соодветно на тоа да добијат износ, изјави Ковачевски, додавајќи дека во овој момент не може да каже конкретен износ бидејќи анализите се во тек.

Дека ќе се бара решение кое ќе биде најприфатливо за сите страни потврди и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој на вчерашната прес-конференција рече дека целта е исходот од преговорите да биде прифатлив за сите засегнати страни.

Пензионерите бараат зголемување на пензиите со оглед на растот на трошоците на живот.

Претходно, синдикатите бараа зголемување на минималната плата на 18.000 денари по што почнаа преговори на ниво на Економско-социјалниот совет и беше изнајдено заедничко решение за зголемување на минималецот со субвенционирање на придонесите на разликата од сегашните 15.200 до 18.000 денари. Законското решение за минималната плата во моментот е во собраниска процедура. /MИА/.

Next Post

Политичарите за политиката, историчарите за историјата – продолжува новата динамика на разговори со Софија

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk