ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето на компаниите со глобалните синџири на вредност во фокусот на ПЕР 2022-2024

February 18, 2022 14:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период.

– Поставените приоритети и мерките вклучени во нив се во линија со приоритетите и препораките на Европската комисија за земјата. Во насока на економското закрепнување се и активностите предвидени за фискална одржливост во наредниот среднорочен период, со истовремена поддршка на капиталните инвестиции, а во согласност со Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како и Планот за забрзан раст и Интервентниот инвестициски план, заклучиле на денешниот состанок претставниците на Европската комисија на средбата со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Од страна на Европската комисија, како што соопшти Министерството за финансии, присуствувале  Михаела Матуела, директор на Директоратот за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседска политика и проширување, министерот за финансии, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, министри од Владата, како и претставници од Генералниот директорат за економија и финансии и од Директоратот за вработување и социјална политика.

– Од страна на Михаела Матуела беше истакнато дека ваков формат на економски дијалог во регионот се води само со нашата земја, со што од наша страна се дава силен сигнал до ЕК за нашата посветеност за процесот на преговори, каде програмата за економски реформи има клучна улога и претставува оперативна алатка за спроведување на структурните реформи, кои се предуслов за користење на финансиските средства од Економско-инвестицкиот план на ЕУ за Западен Балкан, информира Министерството за финансии.

Двете страни ја истакнале важноста на дискусијата за заедничките заклучоци кои во рамки на Економско-финансискиот дијалог со ЕУ треба да се усвојат во мај годинава. 

Министерот за финансии Бесими посочил дека заеднички усвоените заклучоци со препораки во мај, ќе бидат основа за подготовка на следниот буџет, во насока на вклучување на неопходните реформи на министерствата во нивните буџетски планови. Потенцирал и дека програмата на економски реформи претставува значаен документ за воведување на концептот „вредност за пари“ во буџетскиот процес.

Заеднички е оценето дека напорите во наредниот период треба да се насочени кон постепена фискална консолидација, со истовремено водење грижа за имплементација на капиталните инвестиции потребни за зелена транзиција, зајакнување на човечкиот капитал преку подобрување на правната рамка за пазарот на труд, квалитетот на образовниот систем и социјална вклученост, како и продолжување на активностите за дигитализација на јавните услуги, рационализација на парафискалните давачки и намалување на неформалната економија.

Програмата за економски реформи, министерот за финансии ја достави до ЕК на 29 јануари. Нејзината цел е преку конкретни реформски мерки да се дејствува на клучните предизвици за конкурентноста на земјава во рамки на дијалогот со Европската Унија за исполнување на економските критериуми.

– Програмата е најважен стратешки документ во економскиот дијалог со Европската комисија и земјите членки на ЕУ. Програмата содржи среднорочна рамка на макроекономската и фискалната политика и структурни реформи што треба да придонесат за зголемување на конкурентноста на економијата и за креирање работни места, велат од Министерството за финансии.

Извор: МИА

Next Post

Шаќири во Охрид на средби за унапредување на образовниот процес согласно потребите на локалната екомонија

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk