ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Грижата за децата и семејствата во социјален ризик е наш приоритет

February 18, 2022 13:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика информира дека на ден, 15 февруари 2022 година, во Министерството се одржа средба меѓу министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Илија Јовановиќ од здружението „Градиме Иднина“, информираат од МТСП.

Со цел продлабочување на соработката со здружението претставувано од Јовановиќ, ќе се оддржи нова средба меѓу директорот на Центарот за социјални работи, Скопје во понеделник, следната недела, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.

На одржаната средба во министерството се разговараше за досегашните политики и преземени активности и мерки како и идните планови за сузбивање на појавата на питачењето и интеграцијата на овие лица во општествениот живот. Притоа беше потенцирано дека, заштитата и постапувањето со децата на улица е комплексен проблем и бара  мултисекторско постапување на надлежните институции, граѓанските организации и поединците, пишува во соопштението.

За таа цел Министерството за труд и социјална политика во координација со Министерството за внатрешни работи во изминатиот период преземаат конкретни чекори за намалување на појавата од питачење кај децата на улица и нивните родители, кои вршат терански активности на веќе мапираните критични локации на територијата на град Скопје.

Поради зголемениот број на питачи, формирани се мобилни тимови составени од стручни лица од ЈУ МЦСР-Скопје кои во соработка со МВР, имаат изготвено месечни планови за теренски активности на целата територија на град Скопје. На терен, постапуваат инспектори за малолетници и стручни лица од Центарот, претставници од здруженија, кои преку превентивен и едукативен пристап  со децата  и нивните семејства, имаат за цел да ги воочат ризиците од оваа социо-патолошка појава.

На територијата на Град Скопје, Министерството за труд и социјална политика има воспоставено 2 Дневни центри за деца на улица и тоа: Кисела Вода и Шуто Оризари.

Основна улога на Дневниот центар  за деца на улица е отстранување на децата од улица и нивна инклузија односно вклучување во општеството преку усвојување на различни социјални вештини.

Покрај работата со децата, се работи и со биолошките родители преку јакнење на нивните родителски капацитети, одговорно родителство и надминување на стереотипни однесувања, поврзани со припадност на одредена етничка група и вклучување во системот на социјална, детска и здравствена заштита.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со грижата за децата и семејствата во социјален ризик.

Next Post

Ковачевски-Курти: Како добри пријатели и соседи со Косово, постојано ги унапредуваме односите без отворени прашања

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk