ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Под мотото „Пријателство преку спорт” одбележан 18- ти февруари, Денот на меѓународните воени спортови

February 18, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на Воениот стадион во Скопје, беше одбележан  18- ти февруари, Денот на меѓународните воени спортови на кој се обрати заменикот министер за одбрана Башким Хасани, информираат од Министерството за одбрана.

Пред денешните натпревари во фудбал, кошарка, пинг-понг и трчање во машка и женска конкуренција на натпреварувачите од единиците на Армијата, заменикот министер Хасани им посака успех и им порача да дадат сè од себе, пишува во соопштението.

„Сигурен сум дека сите ќе дадете сè од себе да бидете победници, но секогаш покажувајте почит еден кон друг, толеранција, взаемно разбирање, прифаќање и фер игра во текот на сите натпревари. Покажете ги своите вештини на теренот во име на пријателството. Убеден сум дека со вашите настапи ќе ги направите вашите единици горди на вас”, рече Хасани.

На свеченоста биле прогласени победниците на спортските натпревари и доделени признанија за најдобри спортисти од Армијата за 2021 година. За најдобар армиски спортист, победник на сите атлестки армиски натпреварувања прогласен е десетар Милош Ранчиќ. Вториот најдобар спортист во Армијата е европскиот првак во кајакарство, професионалниот војник Љубомир Спасиќ, а трет е професионалниот војник Антонио Димовски, кој е најдобар стрелец на регионалниот ЦИСМ футсал куп во Сараево, БиХ.

Армија на Република Северна Македонија е полноправна членка на Меѓународниот совет за воени спортови од 2005 година, а припадниците на Армијата со своето учество на спортските настани континуирано се истакнуваат со успешни резултати. Преку програмите на Меѓународниот совет за воени спортови, покрај учество во натпреварите се придонесува за развој на меѓуармиската соработка, пријателството и мирот во регионот и во светот, пишува во соопштението.

 

Next Post

Шаќири: Од 1 септември учениците ќе ги имаат сите учебници

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk