Деструктивното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го допре дното. Тропање по маси, викање, недолично однесување…
– Цел ден денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја прекинат седницата собраниска и на тој начин да го блокираат Законот со кој за 27.000 наставници се зголемуваат платите а за 4.700 се обезбедува трајно вработување. Под секое ниво е ова ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
Зошто е ВМРО-ДПМНЕ е против наставниците и помошниот персонал во основното и средно образование и што им сметаат? СДСМ е на страна на граѓаните, на страна на работниците, наставниците и наставничките и нема да дозволи деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ на успеат. Работата на собраниската комисија ќе продолжи, се вели во соопштението.







