ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

МНР на Украина: Обвинувањата дека украинската влада има намера да започне офанзива врз окупираните територии не соодветствуваат со реалноста

February 18, 2022 22:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со тоа што руската страна ја обвинува Украина за наводно подготвување на вооружена офанзива во Донбас, Министерството за надворешни работи на Украина изјавува за следното:

„Украински државјани живеат од двете страни на линијата на разграничување. Нивниот мир, безбедност и благосостојба се апсолутен приоритет за Украина.

Обвинувањата дека украинската влада има намера да започне офанзивна операција на привремено окупираните територии на Доњецката и Луганската област не соодветствуваат со реалноста.

Украина, исто така, не спроведува ниту пак планира некакви саботажни дејства во Донбас.

Категорично ги отфрламе обидите на Русија да ја влоши и онака напнатата безбедносна ситуација.  Остануваме цврсто посветени на политичко-дипломатско решение и, заедно со нашите партнери, вложуваме максимални напори за намалување на тензиите и одржување на ситуацијата во согласност со дипломатскиот дијалог.

Како контраст на тоа, ја набљудуваме Руската Федерација како ја развива својата кампања за ширење на масовни дезинформации, го зголемува гранатирањето на украинските позиции и цивилната инфраструктура, користејќи го оружјето забрането со Договорите од Минск, и ја ескалира безбедносната ситуација.

Се обраќаме со апел до меѓународната заедница, странските држави и меѓународните организации, веднаш да ги осудат провокациите извршени од страна на Руската Федерација и нејзините окупациски администрации во Донбас кои го поткопуваат процесот на политичко-дипломатско решавање.

Отсуството на соодветна реакција или неутрален став само ќе поттикне дополнителна ескалација од страна на Русија“, се вели во изјавата.

 

Next Post

Бајден: Имаме причина да веруваме дека руските сили планираат да ја нападнат Украина во текот на наредната недела

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk