ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Кумановскиот музеј од Министерството за култура доби над 4,9 милиони денари за реализација на 35 проекти

February 21, 2022 11:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НУ Музеј Куманово доби над 4,9 милиони денари од Министерството за култура за реализирање на проекти од годишната програма за тековната година, соопштија денеска надлежните од установата.

Меѓу проектите, поодделно одвоени 1,8 милиони за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за реализирање на 22 проекти од областа на етнологија, археологија, историја и историја на уметност.

За визуелнa уметност, архитектура и дизајн предвидена е реализација на девет проекти поддржани со 845.000 денари, за издавачка дејност и литература 100.000 денари за музејски гласник, инвестициско одржување, санација на платото пред Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце одвоени се 1,6 милиони денари. За санација на музејски згради, покривот на постојаната музејска поставка, на галеријата и административната зграда предвидени се 419.000 денари. За меѓународна дејност, „Конекции на кралството на античка Македонија со кумановскиот регион“ одвоени се 52.000 денари.

-Задоволни сме од она што го понудивме и она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2022 година,изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.

Дел од проектите продолжуваат, некои се нови, појаснуваат од Музејот. Вкупно одобрени се 35 проекти, што е повеќе за десет проекти во однос на минатата година. Меѓу одобрените проекти е продолжување на минатогодишните археолошки истражувања на трите локалитети „Градиште“ едниот во близина на село Пчиња, вториот во Младо Нагоричане и локалитет Црквиште во близина на Клечовце.

Во текот на годината ќе се работи на истражување од областа на етнологија во селата од козјачијата, изложба од областа на историја на уметност, наменета за резби, одржување и конзервација на нумизматичката збирка, конзервација на етнилолошки предмети, музејот доби и проект за истражувања на женската свадба кај албанската етничка заедница во Куманово.

– И годинава ќе откупуваме музејски предмети, историски, археолошки, етнолошки, ги поканувам граѓаните, сето она што претставува културно богатство да ни го понудат за откуп и да го презентираме пред јавноста, изјави Таневски.

Како што е најавено летска ќе се одржи ликовната колонија „Куманово 2022“, изложби од претходна колонија на кумановските ликовни уметници, на македонски уметници, на тие кои самостојно аплицирале на конкурсот, во програмата се четири кумановски уметници, издавање на монографии, етнолошки изложби, едукација на ученици.

Next Post

Во Скопје 263 санкционирани возачи, 99 за брзо возење

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk