ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќето Европејци сакаат да застанат со Киев против Москва

February 21, 2022 14:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Манијакална желба на Кремљ да ги задржи Украинците во својата сфера на влијание води до спротивен резултат. Неодамнешните истражувања покажуваат дека поддршката за пристапување на  Украина во НАТО и ЕУ порасна: 62% од Украинците поддржуваат пристапување на Украина во НАТО, 68% поддржуваат пристапување во ЕУ, објави Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност при Министерството за култура и информатичка политика на Украина на Твитер.

Фото: Поддржката на украинците за пристапување во НАТО

Кремљ лажно ги прикажува државите од ЕУ како поделени, слаби и незаинтересирани за Украина, но европските граѓани се обединети и тие се согласуваат дека Русија е агресорот и дека Европа, заедно со нејзините партнери од НАТО, треба да #Застане со Украина, објави украинскиот Центар за стратешки комуникации.

Фото: Европа застанува со Украина против руската агресија

Податоците од истражувањето што ги објави Гардијан, сугерираат на геополитичко будење во Европа“, рече Марк Леонард, директор на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), кој го спроведе истражувањето во седум земји, што претставува две третини од населението на ЕУ. Повеќе од 60 отсто од анкетираните веруваат дека НАТО треба да ја одбрани Украина доколку Русија изврши инвазија.

Графика: Мнозинството во Европа верува дека Русија ќе ја нападне Украина во 2022 година

Мнозинството анкетирани во Европа мислат дека Русија ќе ја нападне Украина во 2022 година и веруваат дека НАТО и ЕУ треба да застанат на страната на Киев, покажува студијата чии автори сугерираат дека кризата може драматично да го промени начинот на кој Европејците гледаат на нивната безбедност.

Во Финска има најмал провент испитаници  44% кои веруваат дека Русија ќе ја нападне Украина огодинава, додека кај  останатите, 51% од испитаниците во Франција и Италија, 52% во Германија, 55% во Шведска, 64% Романија и 73% од оние во Полска изјавија дека сметаат дека руската инвазија веројатно ќе се случи оваа година.

Графика: Повеќе од 60 отсто испитаници сметаат дека НАТО треба да ја одбрани Украина доколку биде нападната од Русија

Мнозинството во сите седум земји на ЕУ го гледаа НАТО и неговите 30 земји-членки како главни бранители на украинскиот суверенитет, но исто така јасно почувствуваа дека ЕУ има силна одговорност да излезе во одбрана на Украина во случај на руска агресија.

Анкетата, спроведена кон крајот на јануари покажува дека во Финска, 56% од испитаниците сметаат дека ЕУ ќе биде добро позиционирана да и помогне на Украина, а 59% мислат дека НАТО ќе ѝ помогне. Кај останатите, бројките беа следни: 53% и 55% во Франција; 47% и 50% во Германија; 64% и 67% во Италија; 80% и 79% во Полска; 57% и 63% во Романија; и 61% и 64% во Шведска.

Графика: Пољаците се најуверени дека нивната земја треба да ја брани Украина од руска инфазија

Студијата, исто така, покажува дека Европејците се подготвени да прифатат значителни, потенцијално долгорочни закани како резултат на одбраната на Украина, вклучително и можното пристигнување на голем број бегалци, повисоки трошоци за енергија, економска принуда, сајбер-напади и закана од руска воена акција. .

Испитаниците во Полска, Романија и Шведска беа порасположени  да кажат дека за давањето помош на Украина „вреди да се ризикува“ осо сите овие можни последици, при што 53% од анкетираните во Полска  рекоа дека поддршката на Украина вреди дури и да се ризикува воена акција насочена кон нивната земја.

Мнозинството во сите земји, освен Шведска (47%) рекоа дека енергетската зависност е најголемиот предизвик, покрајодносот на Русија кон Украина, став кој беше најизразен во Полска (77%).

Путин може ќе биде изненаден кога ќе види дека многу Европејци „гледаат на уште една руска инвазија на Украина како напад не само на соседна земја, туку и на самиот европски безбедносен поредок“, заклучуваат авторите.

-И зачудувачки е што толку многу испитаници – од север, југ, исток и запад – мислат дека овој поредок треба да се заштити“. Со оглед на тоа што некои очигледно се помалку подготвени да ги поднесат трошоците од другите, „начинот на кој Европејците ќе се справуваат во следните неколку недели ќе биде клучен за иднината на европската безбедност“, велат тиавторите на истражувањето.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Источната патна мрежа со целосно нов лик, рехабилитирани речиси сите патни врски

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk