Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата.
Оваа мерка се однесува на леб; шеќер;сол;брашно – тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и урда; ориз; јајца;тестенини; пченица; и овошје и зеленчук.
Во прилог Ви испраќаме соопштение и фотографии од прес-конференцијата на министерот Бектеши.