Денеска полициски службеници од СВР Охрид извршиле службен разговор во СВР Охрид со В.С. (38) од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. В.С. повикувала да се запали хотелот каде била сместена еврејската религиозна група Лев Тахор.
При разговорот со полициските службеници изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.