Во Галерија „КО-РА“ – нов салон синоќа е отворен вториот Фестивал за култура „Корнијалс“. Во рамките на овој мултимедијален проект група ученици од Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ се претставуваат со разновидна програма.
Фестивалот кој ќе трае до 28 февруари, почна со групна изложба, а продолжува со програми, емисии, проекции, драмски претстави, филм, поетски настапи…
Денеска на програмата е концерт на група ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ со почеток од 20.00 часот.
Влезот на фестивалот е слободен. Активностите ќе се одвиваат со почеток од 20.00часот, а во сабота детската креативна работилница за раскази и илустрации е од 13 часот.
Извор: МИА