ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Зеленски: Украина ги квалификува неодамнешните дејствија на Русија како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава

February 22, 2022 11:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со своите одлуки за признавање на „независноста“ на окупираните делови на Доњецката и Луганската област, Русија ги нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ги легализира своите трупи во Донбас, кои се наоѓаат таму од 2014-тата година. Ова го изјави претседателот Володимир Зеленски во своето обраќање по состанокот на Советот за Национална Безбедност и Одбрана.

„Украина недвосмислено ги квалификува неодамнешните дејствија на Руската Федерација како кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава. Целата одговорност за последиците од овие одлуки е на политичкото раководство на Русија“, нагласи Шефот на државата.

Покрај тоа, според него, признавањето на „независноста“ на окупираните делови на Доњецката и Луганската област може да значи еднострано повлекување на Русија од договорите од Минск и игнорирање на одлуките во рамки на „Нормандиската четворка“.

„Тоа ги поткопува мирните напори и ги уништува постоечките преговарачки формати. Со денешните и утрешните можни решенија Русија ги легализира своите трупи кои всушност се наоѓаат во окупираните делови на Донбас од 2014 година. Земја која осум години ја поддржува војната, не може да го одржува мирот, како што таа тврди“, истакна Претседателот на Украина.

Володимир Зеленски извести дека ја дискутираше ситуацијата со Претседателот на Франција Емануел Макрон, канцеларот на Германија Олаф Шолц, Претседателот на САД Џозеф Бајден, Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон и Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел. Исто така се планира и телефонски разговор со Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Тој истакна дека денес МНР на Украина испратило барање до земјите-членки на Советот за безбедност на ООН врз основа на Будимпештскиот меморандум со барање за итно одржување на консултации. Исто така беше иницирано и одржување на седница на Советот за безбедност на ООН и посебна седница на ОБСЕ.

„Инсистираме на целосна работа на СММ на ОБСЕ со цел да се спречат провокации и натамошна ескалација“, нагласи Претседателот.

Покрај тоа, според Володимир Зеленски, иницирано е итно свикување на самитот на „Нормандиската четворка“.

„Очекуваме јасни и ефективни чекори за поддршка од нашите партнери. Многу е важно сега да видиме кој е нашиот вистински пријател и партнер, а кој ќе продолжи да ја заплашува Руската Федерација со зборови“, истакна Шефот на државата.

Претседателот увери дека Украина е посветена на политичко-дипломатско решение и не подлегнува на провокации.

„Можеме јасно да разликуваме провокации и офанзива на трупите на агресорот. Со нас е вистината. И ние никогаш нема да ја криеме вистината од вас. Штом ќе видиме промена на ситуацијата, штом ќе видиме зголемување на ризиците – вие ќе знаете за сето ова. Во моментов нема причина за хаотично дејствување. Ќе направиме се за да остане така и понатаму“, рече Володимир Зеленски.

Шефот на државата им се заблагодари на сите граѓани на Украина, кои повторно докажуваат дека Украинците се паметна и мудра нација и, покрај се, се уште се со ладна глава, реагираат смирено и промислено.

„Ние одамна сме подготвени на се. Но, причини за ваша непроспиена ноќ нема“, истакна Претседателот.

Next Post

Бон: Санкциите против Русија се прашање на кредибилитет за ЕУ

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk