Не знам што ѝ се нафрливте толку на независната Данела!?
За такви гласачи како во МК, супер си е…
Па што ако ништо не работела? Па што ако сè блокирала и сите почнати проекти ги запрела? Па што ако не исполнила ниту едно предизборно ветување? Па што ако вработила еден куп вмровци? Па што ако во јавност настапува како портпаролка на ВМРО?
Ништо тоа не е важно… Важно е само тоа дека им успеа СДСМ да го казнат… Оние што сè уште ниту еден лош збор немаат кажано против кметицата…
Данела: „Скопје ќе има нови автобуси и бесплатен превоз!“
Данела: „Нема нови автобуси и бесплатен превоз затоа што владата не ни дава пари!“
Данела: „Ќе има нови автобуси и бесплатен превоз затоа што пари ќе обезбедиме преку донации!“
Данела: „Ќе нема нови автобуси и бесплатен превоз затоа што јас не можам да направам нешто што СДСМ 30 години уништувале!“
Море не супер, идеална е Данела…
За гласачи како во МК, не можеа подобра да одберат!
Фејсбук објава од Ацо Лукароски.