ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Изјава на Украинското МНР околу тековната вооружена агресија на Руската Федерација против Украина

February 25, 2022 21:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со голема офанзивна операција на територијата на Украина за уништување на украинската држава, соборување на украинската влада и воспоставување окупациска контрола, известуваат од Украинската Амбасада.

„Русија ја напаѓа Украина од страна на руска територија, Црното и Азовското Море, привремено окупираниот Крим и Донбас и Белорусија, користејќи борбени авиони, балистички ракети, артилерија, тенкови, оклопни возила, копнени трупи и други сили и средства. Руските единици изведуваат ракетни и бомбашки напади врз цивилната инфраструктура во Кијив, Харков, Одеса, Чернигив, Ивано-Франковск, Лавов и други украински градови. Кремљ започна голема воена операција за заземање на главниот град на Украина.

Во централна Европа гинат и претрпуваат повреди цивили, вклучително и деца.

Русија грубо ги крши правилата за војна и другите норми на меѓународното право во Украина. Во врска со бројните воени злосторства и прекршувањата на Римскиот статут од страна на Русија, Министерството за надворешни работи на Украина заедно со Канцеларијата на Јавниот обвинител на Украина собираат материјали за нивно предавање до Меѓународниот кривичен суд за да го изведат руското раководство на најстрога одговорност.

Руските окупатори ја зазедоа нуклеарната централа Чернобил. Тие не дозволуваат ротација на вработените во нуклеарната централа, како што налагаат меѓународните безбедносни прописи. Забележано е надминување на контролните нивоа на радијација поради повреда на горниот слој на почвата поради движење на голем број руска воена техника и испуштање на контаминирана радиоактивна прашина во воздухот. Украинската страна веќе ја предупреди МААЕ дека дејствијата на Русија може да доведат до голема еколошка катастрофа во Европа.

Украинската армија и сите други сили за национална одбрана даваат достоен отпор на рускиот напад, непријателските сили трпат загуби, а ние ги држиме стратешките позиции.

Украина им е благодарна на САД, Канада, ЕУ и другите меѓународни партнери за воведувањето на нови економски санкции кон Русија. Истовремено, овие мерки во моментов се недоволни за да се запре руската војна против Украина.

Повикуваме некои европски земји да не се водат од тесни политички интереси кога станува збор за заштита на безбедноста не само на украинските граѓани, туку и на безбедноста на сите граѓани на Европа. Во прашање е понатамошната иднина на меѓународната безбедносна архитектура и глобалниот светски поредок, заснован на почитување на Повелбата на ООН и основните норми на меѓународното право. Русија мора веднаш да се исклучи од системот за плаќање SWIFT. Треба да дејствуваме сега и без одлагање.

Украина исто така се обрати до своите партнери да и обезбедат дополнително оружје за зајакнување на одбранбените капацитети на нашата земја.

Ние исто така активно привлекуваме финансиска и хуманитарна поддршка за Украина и украинските граѓани.

Руската Федерација мора да ја прекине својата вооружена агресија против Украина и да започне дијалог за мирно решение. Ова ќе помогне да се сочуваат човечките животи и да се спречи катастрофа каква што Европа не видела од Втората светска војна“, се вели во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk