ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи-Селаковиќ: Економско-трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија на историско ниво

February 25, 2022 13:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Република Србија и Република Северна Македонија достигнаа историско ниво на економско- трговска размена од над една милијадра евра, која се очекува да порасне со развој на иницијативата Отворен Балкан, оцени шефот на дипломатијата на Србија Никола Селаковиќ  на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот македонски колега и домаќин Бујар Османи.

–Констатиравме со посебно задоволство дека во 2021 година нашата економско-трговска размена достигнала нешто што е историско ниво, милијарда и 120 милиони евра и со тоа го надминавме нивото на размена од периодот пред пандемијата со КОВИД -19. Нашиот извоз во Република Северна Македонија стигна до историско ниво од 815 милиони евра, но она што сакам со посебно внимание да го кажам е дека во минатата година и увозот од Северна Македонија во Република Србија е зголемен за 41,7 отсто. Нашата вкупна економска размена е зголемена за 30,4 отсто и уверени сме дека со натамошното спроведување и оживување на иницијативата Отворен Балкан кој го гледаме како голема шанса за регионот нашата трговска и економска размена ќе продолжи да расте, рече Селаковиќ.  

Тој подвлече дека за Белград, иницијативата Отворен Балкан е отворена, и посакуваат во нејзините рамки да го видат целиот Западен Балкан. – Уверени сме дека откако тој ќе почне да дава сериозни и први резултати дека во тој момент ќе имаме прилика да видиме интерес и кај други кои сакаат да бидат во тимот кој победува, нагласи Селаковиќ.  

Османи нагласи дека соработката со Србија на економски план е исклучителна широка, а по Германија и Обединетото Кралство е трета и се согласи дека иницијативата Отворен Балкан има голем потенцијал да придонесе за унапредување на економската соработка.

-Тоа е еден од клучните приоритети и на сите регионални иницијативи без разлика дали се работи за Берлински процес или за Отворен Балкан. Да создадеме заеднички регионален пазар не како крајна цел, туку како подготвителна фаза за големиот европски пазар кон којшто сите тежнееме. Независно дали се работи за нашите економии или за големите мултинационални концерни на сите нив им е потребен интегриран пазар, олеснето движење и слободен проток. Се разбира дека нашиот став е дека тој процес треба да биде инклузивен со сите шест земји во регионот во рамноправни услови, рече шефот на македонската дипломатија.

На средбата станало збор и за дијалогот меѓу Србија и Косово. Османи рече дека изразил поддршка на дијалогот со посредство на ЕУ и ги охрабрил на што поскоро затворање на сите отворени прашања во регионот и придвижување кон помирување и кон целосна европска интеграција на регионот.

-Посветени сме на дијалогот како единствено прифатливо решение за кое било политичко прашање кое постои и нашата посветеност на дијалогот нема да се доведе во прашање, изјави Селаковиќ.  

Тој изрази задоволство дека 17 години после склучувањето на Спогодбата помеѓу тогашната Државна заедница Србија и Црна Гора и тогашна Република Македонија за заштита на српските и црногорските национални малцинства во тогашна Република Македонија, односно македонско национално малцинство во Србија првпат одржа седница на Мешовитиот комитет за спроведување на оваа спогодба.

Селаковиќ ја искористи приликата да изрази поддршка за македонското претседавање со ОБСЕ. -И Србија беше претседавач во една не така политички атрактивен момент, но сум уверен дека ова ќе биде прилика и за добра афирмација на вашата држава во рамките на Европа и пошироко, порача Селаковиќ.

На средбата станало збор и за ситуацијата во Украина и регионот.

-Секако разговаравме и за најновите актуелности поврзани со руската инвазија во Украина и го презентирав нашиот став дека воениот конфликт мора да престане веднаш и треба да деескалираат состојбите и да се даде шанса на дипломатијата, рече Османи.

На прес-конференцијата, не беа овозможени новинарски прашања за српскиот министер, а самиот во обраќањето не го изнесе ставот на Србија во однос на кризата.

Повод за посетата на Селаковиќ на Скопје беше потпишувањето на Спогодбата за отворање на културно-информативни центри на Република Северна Македонија во Белград и Република Србија во Скопје која треба да придонесе за создавање услови за зголемување и зајакнување на културната  размена и поврзаностаа меѓу граѓаните во двете земји.

Next Post

Потресно обраќање на Задорожњук - Нѝ треба реална помош, да му пратиме порака на рускиот режим дека светот е со Украина

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk