ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинката Лилиа Ткачук: Престанете да гледате и почнете да дејствувате, ве молам со целото мое срце и душа!

February 25, 2022 11:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинката Лилиа Ткачук повикува на солидарност од светот за Украина и украинскиот народ. Таа моли на проактивно однесување на сите во светот кон агресијата на Русија врз Украина.

Објавата на Лилиа Ткачук ја пренесуваме во целост:

„За тие што се загрижени! За граѓаните во светот кои се силно загрижени за судбината на Украина во овој момент, но одбрале да гледаат „од страна“, поради оваа или онаа причина. Престанете да гледате и почнете да дејствувате, ве молам со целото мое срце и душа!

Јас не сум ниту истакнат лидер ниту политичар за да преговарам на меѓународно ниво, но ја испраќам мојата молба за помош што ни е очајно потребна. Јас сум обична Украинка мајка на два сина со љубезно срце, сакана сопруга, единствено дете на седокоса мајка и скршена ќерка на мојата татковина која се бори. Исто толку обични како и милиони Украинци. Иако несовршени, нашите луѓе се претприемачи, креативни, ентузијасти и патриоти од се срце.

Сепак, осум години имаме воен конфликт на истокот на нашата земја и илјадници наши патриоти очајно и посветено ја бранат нашата татковина. Повеќе од сигурна сум дека свесните Украинци кои живеат во деловите на Украина, кои до вчера беа мирни, не можеа да замислат дека ќе се случ инвазијата од толку големи размери. Но, се случи. Стотиците илјади руски агресори ги нападнаа нашите домови. Ги убиваат нашите војници и невини луѓе, исто како што тоа го прават овие осум години, а сега тоа го прават отворено, оправдувајќи ги овие непростливи и незаборавни злосторства со „спасување“ на Украинците… Од што нè спасуваат???

Господ да ја чува Украина!

Со агресорите никогаш не сме биле браќа по волја туку браќа со сила и секогаш сме имале погрешни сојузници. За жал, никогаш не научивме да учиме од грешките  од долгата историја на борба за независност бидејќи никогаш не сме можеле да се потпреме на сопствените сили. Нашите принцови и политички лидери беа подготвени да ја добијат слободата на Украина, иако итрите лажни сојузници секогаш правеа нова форма на угнетување. Да, никогаш не сме биле совршени. Меѓутоа, она што се подразбира е фактот дека руските режими од различни периоди никогаш не размислувале за можноста да ја остават Украина сама и да ѝ дозволат да го следи својот пат.

Така, она што го имаме сега се милиони луѓе преплашени од пукотници, експлозии и бескрајни закани во нивните сопствени куќи и станови, визби, автомобили или на пат кон никаде. Не сакаме да бидеме бегалци. Ги сакаме нашите несовршени домови и Татковина. Се стремиме конечно да бидеме НЕЗАВИСНИ! Подалеку од Украина, ти, бездушно копиле чие име ми се гади дури и да го напишам.

Зошто би чекале настани како Перл Харбор да се повторат за да заземете активен став против агресорот? Моите деца ја сакаат својата мачка Флафи и кучето Балу, исто како што вашите деца ги обожаваат своите домашни миленици и домови. Ве молиме, не кажувајте дека Русија ќе плати за своите злосторства, тоа е како да им мавтате „збогум“ на оние што се осудени на „Титаник“! Помогнете им на САД да ја натераат Русија веднаш да плати пред да биде предоцна! Путин никогаш не би застанал, да се потсетиме барем на: Сирија, Грузија, Чеченија и многу други што ќе следат, ако агресорот не биде запрен веднаш со обединети акции, а не со прогласи.

Ве молам! Бидете вистински сојузници! Не тргувајте со животите на милиони, туку спасете ги животите на Украинците! Престанете да бидете политички или економски експерти, бидете хумани луѓе! Вие сте следен во редот за напад! Спасете го светот од Трета светска војна!

Нека денес биде ново одбројување на еден нов светски поредок каде што хуманиот третман, човековите права и вредности се навистина заштитени не само декларирани!
Заедно сме силни! Застанете со нас во моментот на очај и сите да ги издржиме превирањата на агресијата.“

 

Next Post

Османи повика на прекин на воените активности во Украина, засега не планира средба со рускиот амбасадор во земјава

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk