ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: Четири дилеми во јавноста за руската инвазија на Украина за кои мора да разговараме

February 26, 2022 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Четири реални дилеми кои постојат во нашата јавност за инвазијата на Украина и за кои мораме да разговараме:

  1. На глобално ниво, ова е судир помеѓу САД и Русија.

Ова не е судир помеѓу САД и Русија. До скоро, Претседател на САД беше Доналд Трамп. Судејќи по неговото однесување кон Путин за време на мандатот и фалбите кои му ги упати по инвазијата во Украина – доколку се’ уште беше Претседател на САД, тој ќе го поддржеше Путин и реакцијата на САД ќе беше практично непостоечка.

Ова е судир помеѓу демократијата во западна смисла на зборот и автократските режими. Судир помеѓу политичкиот плурализам, човековите права, владеењето на правото и контролата и надзорот врз власта против правото на разузданите диктатори да прават што сакаат без никакви последици.

  1. Што им требаше на Украина да сакаат да станат членка на НАТО? Зарем не можеа да се откажат од НАТО – тогаш немаше да дојде до ова.

Бидејќи се суверена и независна држава. Бидејќи би требало да имаат право самите да одлучуваат за својата иднина (ова е нешто што би требало да е добро познато на нас, Македонците). Бидејки Украинците цела деценија беа под безбедносна закана од Русија и Путин.

Силеџиите како Путин секогаш ќе имаат оправдување за своите постапки. Дали тоа ќе беше некоја друга измислена закана, еднострана историја или “одбрана на руското население од нацизмот” на украинскиот претседател со еврејско потекло е небитно. Доколку Украина немаше аспирации кон НАТО, Путин ќе влезеше со тенкови до Киев уште кога влезе во Крим, во 2014г.

  1. Ама и НАТО и Американците не се светци.

Да. Ама не смееме да ставаме знак на равенство. Вистина е дека НАТО немаше Резолуција на ОН за бомбардирањето на Србија (поради Русија). Ама и вистина е дека Милошевиќ правеше етничко чистење на Косово и дека сите (вооружени и цивилни) Албанци на Косово ќе беа сотрени без интервенција од надвор.

Вистина е дека немаше оружје за масовно уништување во Ирак. Но веднаш штом постоеа индикации дека навистина немало ОМУ во Ирак, САД спроведоа своја истрага, ја соопштија вистината пред целиот свет и го повлекоа најголемиот дел вооружени трупи од Ирак.

Но, што и да се случи во Украина, Путин никогаш нема да признае дека греши. Напротив, тој би продолжил да ја радикализира руската нација, уште потврдо газејќи на својот наратив.

Не велам дека нашава демократија е совршен систем. Далеку од тоа. Но, дефинитивно е најдобриот систем кој го имаме на располагање. Затоа, никогаш и никаде – дури ни во најразвиените западни држави – не може да се каже дека демократијата е постигната. Таа не е неменлива состојба, туку постојан стремеж кон подоброто. Во моментот кога ќе престанеме да се стремиме кон тоа, ќе се појават нови Путиновци, Милошевиќи, Орбановци, Груевци и Апасиевци во најава кои ќе не вратат децении наназад, во времето на буквално леење крв по улиците.

  1. Подобро да не се дига многу галама – на никој не му одговара поголема ескалација.

Да, на краток рок. Што правиме ако Кина реши да го направи истото во Тајван? Ако Вучиќ одлучи дека треба “да ги брани” сепаратистите во Босна со тенкови? Што правиме кога утре на Путин нема да му биде доволна Украина и тргне кон Полска? Знам дека ова звучи како приказни за плашење мали деца, ама до пред петнаесет години можностите за три инвазии на тлото на Европа (Јужна Осетија, Крим и остатокот од Украина) од страна на една држава во 21 век звучеа како исто такви приказни.

Не смее да им се молчи на силеџиите и чудовиштата како Путин, без оглед на цената. Дури тогаш вистински сме ја загубиле битката. Како што и покажува самиот Зелински, одбивајќи ја понудената евакуација од Вашингтон и поминувајќи ги нападите на отворено помеѓу своите граѓани – за некои работи вреди човек да се бори. За некои вредности вреди човек и да умре.

Слава и’ на Украина!!!

ФБ статус на Павле Богоевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Опис на сликата: Новата месечина, темен  кратерен круг со тенок осветлен срп одоздола, лебди над закривениот хоризонт на Земјата за време на орбитално зајдисонце. Гледано од Меѓународната вселенска станица, атмосферата на Земјата свети во сина лента наспроти темната позадина на вселената. Photo: NASA

НАСА: Новата месечина изгледа невидлива од површината на Земјата, но од вселената открива поинаква убавина

July 24, 2025

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

July 24, 2025

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    (ВИДЕО)Се урна авионот што исчезна над Русија, се верува дека нема преживеани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа или Истокот? Конфронтација меѓу ДУИ и ВЛЕН за геополитичкиот курс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајланд започна воздушни напади врз камбоџански воени цели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk