Руската армија е заглавена во Украина. Покрај тешките губитоци во воен персонал, оружје и опрема, руската војска е соочена со уште еден „непријател“ – лошо испланираната, а воедно и тешко оштетената логистика. Од линиите на фронтот низ цела Украина доаѓаат информации и дека руските војници се оставени и без храна.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки со руски тенкови застанати на украинските патишта.
На ова видео објавено на Твитер, возачот разговара со руските војници покрај тенк на кој му снемало гориво. Им нуди да ги „шлепа“ назад во Русија.
Multiple videos on social media of Russian military out of fuel, food and stuck on highways pic.twitter.com/UTKLmTJf38
— Liveuamap (@Liveuamap) February 26, 2022