Остана во Киев, иако му беше советувано да се евакуиран на безбедна територија. Секој ден е активен во одбраната, секој ден се појавува пред светската јавност. И пие кафе во првите борбени линии на украинската одбрана!
Тоа е украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Тој не престанува да ја изненадува светската јавност со својот хероизам и блискост со борците на украинската одбрана.
Претставник на американската администрација вчера потврди дека Зеленски ја одбил понудата на владата на САД да го евакуира од Киев, објави светската агенција Асошиетед Прес. Одговорот на Зеленски бил:
„Борбата е тука. Ми треба антитенковска муниција, а не превоз.“ (I need anti-tank ammo, ‘not a ride’)
Утринава, тој пиеше кафе и разговараше со своите соборци. Снимката предизвика бран одушевување на социјалните мрежи низ целиот свет.
Еден од трендинг твитовите со повеќе од 42.000 лајкови во моментот на објавување на овој текст е и на профилот на Ник Нудсен, @NickKnudsenUS, директор на непрофитната ДемКаст.
„Зеленски утрово пие кафе и разговара со своите колеги бранители од Киев. Замислете каков морален поттик мора да биде за овие војници, да го имаат својот откачен претседател буквално да се бори до вас. Каков лошко“ – напиша Ник Нудсен.
Zelensky drinking coffee and chatting with his fellow Kyiv defenders this morning.
Imagine what a moral boost it must be for these troops to have the freakin’ president literally fighting next to you.
What a badass. https://t.co/PQPTkoC5bX
— Nick Knudsen 🇺🇸 (@NickKnudsenUS) February 26, 2022
Разбирливо, локацијата на Зеленски се чува во строга тајност, откако стана јасно дека тој е Мета број 1 како што стои во рускиот план за напад. Во виртуелната средба со европските лидери, во пресрет на нападот на Киев, Зеленски кажа дека тоа е можеби последен пат што тие го гледаат жив.
Тој објави видео во кое тој стои на улица, надвор од претседателската канцеларија, велејќи дека нема да си оди од Киев и дека, заедно со своите колеги од владата, ќе останат да ја бранат престолнината и да ја водат земјата во овие тешки мигови.
Џ. Д.