Никогаш во историјата не се случиле такви блокади и такви санкции кон една држава, како во случајов кон Русија.
Пред неколку часа се случи и најголемото нешто. Донесена е одлука Русија да биде исклучена од SWIFT. Одлуката ја потпишаа ЕУ (Франција, Германија и Италија), Велика Британија, Канада и САД.
Економски штети од тоа ќе има целиот свет, особено европските држави, но ова за Русија може да биде почеток на економски колапс. Рускиот извоз (гас и сè друго) и увоз нема начин како да функционираат.
Истовремено, парализирани се средствата на руската централна банка.
Замрзнати се и средствата на руските олигарси во светските банки.
Од многу држави затворен е воздушниот сообраќај за сите руски авиони, вклучително и цивилни.
Кон санкциите целосно се приклучуваат и државите раководени од пријателите на Путин… Дури и Обран изјави дека Унгарија нема да ги блокира санкциите и дека истите ги поддржува… Изгледа МОРА така заради престојните избори во Унгарија.
Од сите европски држави единствено „лукашенкова“ Белорусија и „вучиќева“ Србија останаа верни на Русија и не се вклучија во санкциите.
Украина нема воена сила да му се спротивстави на Путин, но не верувам дека и Путин ќе има сили да го издржи овој економски удар!
Фејсбук објава од Ацо Лукароски