ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска се сретна со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип: Се уверив дека социјалната заштита се обезбедува онаму каде е најпотребна

February 28, 2022 16:15
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Грижата за нашите граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик е наш приоритет. Системот на социјална заштита во државата има капацитет да го згрижи секое семејство, секое лице, кое ќе се најде во  социјален ризик, рече министерката Тренчевска, по средбата со семејствата Анастасови и Зејнелови од Штип, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Според министерката Тренчевска  социјалните мерки за грижа на ранливите категории, кои ги користат  семејствата, уште еднаш покажуваат дека Владата и МТСП го постигнуваат она за што се  залагаат, а тоа е корисниците на социјалните права и услуги да имаат побезгрижни денови исполнети со спокојство.

„При средбата со Анастасова, која има 15 годишна ќерка со попреченост Викторија, се уверив дека социјалната заштита се обезбедува онаму каде е најпотребна. Семејството  е корисник на посебен додаток, користи и детски додаток и додаток за образование, бидејќи малата Викторија оди на училиште во посебната паралелка при училиштето „Ванчо Прќе“, а редовно го посетува и Дневниот центар за интелектуална или телесна попреченост. Мајката Васка работела со скратено работно време, но поради економската криза предизвикана од пандемијата, сега како невработена е корисник на паричен надоместок  од Агенцијата за вработување. Таа преку мерката за обуки за лична асистенција  се преквалификува, со што семејството ќе излезе од социјален ризик. Анастасова е дел од втора група составена од 10 лица, кои се обучуваат за лични асистенти. Десет наши граѓани веќе ја завршија обуката и добија сертификат  за личен асистент. Сега преку ЈУ МЦСР Штип и Црвениот крст ја даваат услугата – лична асистенција на лицата на која им е најпотребна“, рече Тренчевска.

Министерката посочи дека и во семејството Зејнелови мерките даваат резултати, и дека со нивно реализирањето како дел од социјалните реформи, се дава важен придонес во зајакнување на човечкиот потенцијал, толку неопходен за успехот на едно општество.

„Ние како Влада и како министерство за труд и социјална политика ќе продолжиме во изнаоѓањето на нови мерки за да можат овие семејствата да се вклучат на пазарот на трудот. Семејството на Неџат и Мирвет Зејнелови е корисник на ГМП бидејќи и двајцата се невработени. Неџат кој е пекар по професија, по затворањето на пекарата во која работел долги  години, останува без работа. Тој преку програмата на „Општинско корисна работа“, работи со скратено работно време како дел од Патронажната служба за изнаоѓање на невакцинирани деца на терен во ромските населби.  Приходите за оваа дополнителна активност на Неџат не го исклучува правото  на користење  на ГМП“, рече Тренчевска.

Министерката Тренчевска посочи дека и со новиот Оперативен план за 2022 година Владата обезбеди мерки за лицата кои користат ГМП и за невработените лица, бидејќи тие придонесуваат трајно излегување од оваа категорија затоа што  корисниците преку вклучување на пазарот на трудот си обезбедуваат сопствената егзистенција.

Next Post

Франција подготвува список на имот на руски олигарси кој ќе подлежи на санкции

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk