ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Нема индикации дека врз Северна Македонија постои директна или индиректна закана по безбедноста

February 28, 2022 21:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба е стабилна, досега нема индикации дека врз Република Северна Македонија постои директна или индиреткна закана по нејзината безбедност, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Задолжение и надлежност на институциите од безбедносно разузнавачкиот сектор, како што изјави вечерва за Телевизија 24 министерката Петровска, е постојано да ја следат состојбата и да информираат за евентуална промена.

Петровска информира дека е стапено во контакт со сите наши граѓани кои се пријавиле дека се во моментов во Украина и целта, како што рече, е кога ќе се создадат безбедни услови, да бидат донесени во државава. МНР, додаде, не би ризикувало да ја доведе во прашање безбедноста на нашите граѓани.

– За среќа, нашите граѓани се обидуваме на безбеден начин преку МНР, како главен координатор во соработка со амбасадите, да се обезбеди безбеден коридор преку кој ќе можат да бидат донесени, информира Петровска.

Таа уште еднаш потврди дека се придружуваме на солидарноста на земјите членки на НАТО и на ЕУ за директна и практична помош на Украина. Таа помош, информира Петровска, е исклучиво на барање на украинските власти, и тие како Министерство ја поседуваат.

Министерката вели дека во моментот нема одлука за мобилизација на припадници на нашата Армија и нивно испраќање во Украина.

– Таква одлука се уште немаме донесено. Согласно механизмите на НАТО, дополнително доколку биде побарано од нас, ќе пратиме сили, до овој момент таква одлука не е донесена. Јавноста ќе биде информирана доколку донесеме таква одлука, рече Петровска.

Во однос на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека „наредува да се стави на висока борбена готовност нуклеарните сили“, Петровска рече дека таа изјава се разгледува во рамки на НАТО структурите.

– Таа изјава се зема и се разгледува во рамки на НАТО структурите, но она што треба да се потсетиме е дека ние сме земја членка на НАТО и без разлика на нашите капацитети сме дел од големата Алијанса, така што директно не сме загорезни во тој дел и сме дел до колективниот систем за одбрана. НАТО таквите изјави ги следи и дава насоки за понатамошно постапување, сето тоа што се случува со санкциите и помошта кон Украина е во рамктие на таа политика на НАТО Алијансата, информира Петровска.

извор: МИА

Next Post
Зеленски, пред својата канцеларија

Шведскиот демократ Адактусон го номинираше Зеленски за Нобелова награда за мир

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис – 16 февруари 2026

February 16, 2026
Фото:  X

Сè почести напади со дронови врз Москва, Кијив порачува дека тоа е одговор на инвазијата врз Украина

February 15, 2026
Фото: Скриншот

Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

February 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ ја критикуваше Шекеринска на Минхенската конференција, СДСМ го осуди неговиот настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто човекот не се вратил на Месечината повеќе од 50 години?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Доаѓа нов бран студ и снег: УХМР со прогноза за следните денови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • DW: Зошто Израел распрскува глифосат долж границата со Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk